НБА-плејофот 2011 е постсезонско натпреварување во Националната кошаркарска асоцијација во сезоната 2010-11. Осум тима од двете конфереции ќе се квалификуваат во плејофот, сите поделени во носители од 1 до 8, во формат подобар од седум. 2011 НБА-плејофот започнал во сабота, 16 април 2011 и завршил во недела, 12 јуни 2011.

Далас маверикс биле прваци во 2011 НБА-плејофот.

Чикаго Булс постигнаa неколку признанија првпат после сезоната 1997-98: најдобар учинок во Источната конференција, титула во Централната дивизија, и 60+ победи. Тие обезбедија најдобар учинок во НБА за првпат после сезоната 1996-97, што им гарантира предност на домашен терен, ако го достигнат НБА-финалето. Во продожени, тие ќе се сретнат со Индијана пејсерс за првпат после истата година. Пејсерси учествуваат во плејофот првпат после 2006, исто како и Мемфис гризлис. Њујорк Никс ќе стигнат до плејофот по првпат 2004, но ова е нивно прво појавување во плејофот со позитивен биланс после 2001. Филаделфија 76ерс и Њу Орлеанс Хорнетс учествуваат во плејофот веќе трипати во четири години. Останатите 11 тима беа во плејофот и минатата година. Оклахома Сити Тандер се упати кон плејофто со нивната прва титула во Северозападната Дивизија под ова име; нивната последна дивизиска титула ја освоија во 2005 како Сиетл Суперсоникс.

За првпат откако е употребен форматот со 16 тима во 1984, првите два носители од истата конференција (Сан Антонио Спарс и Лос Анџелес Лејкерс од Западната Конференција) го изгубија Натпреварот 1. Спарс изгубија од Гризлис, кој ја освоија нивната прва плеј-оф победа во историјата на тимор, додека Лејкерс изгубија од Хорнетс. Двајт Хауард од Орландо Меџик го изедначи тимскиот рекорд со 46 бода (31 во 1вото полувреме) во Натпреварот 1 против Атланта Хокс, кој припаѓаше на Трејси МекГреди во Натпреварот 2 во Првата Рунда од 2004 НБА Плејофот против Детроит Пистонс.

Со победата од 4-1 во серијата над Денвер Нагетс, Тандер ја забележаа нивната прва плејоф победа после 2005. Бостон Селтикс победи во само четири натпревари во серијата подобар од седум за првпат после 1986 со победата над Никси со 4-0 ; Ваков учинок тие немаа постигнато од 1992, во последната сезона на Лери Брд.

Гризлите ја победија нивната прва плеј-оф серија во нивната тимска историја. Тие станаа четвртиот 8 носител кои продолжил во Конференциското Полуфинале во историјата на НБА после победата над Спарси во шест натпревари, и втор откако првата рунда беше проширена на формат од подобар од седум. Во продолжение, оваа сезона беше прва во која ниту еден од натпреварите во првата рунда не беше доведен до Натпреварот 7 откако е воведен овај формат. Лос Анџелес Лејкерс, кои победија во Финалето во двете претходни години, беа “изметени“ од Далас Маверикс во втората рунда. Ова е првпат тренерот на Лејкерс, Фил Џексон да биде “изметен“ во некоја плејоф серија..

Натпреварот 7 од серијата помеѓу Гризлис и Тандер ја осигура 12тиот последователен плејоф со најмалку еден изигран Натпревар 7. Последниот НБА плејоф вокој не се изигра ниту еден Натпревар 7 беше во 1999.

Во натпреварот 1 Од Финалето на Западната Конференција, Дирк Новицки од Далас Маверикс постави нова плејоф рекорд за најмногу погодени слободни без промашување со 24, претходно поставен од Пол Пирс (21) во 2003. Новицки исто така го постави рекордот за најдобра процентажа од слободно фрлање во серијата со 98% прецизност.

Далас Маверикс и Мајами Хит ќе се сретнат во НБА Финалето. Далас ги победи Оклахома Сити Тандер во 5 натпревари. Мајами ги победи Чикаго Булс во 5 натпревари исто така. Во репризата од 2006 Финалето Далас Маверикс ги победи Мајами Хит со резултат од 4-2.

2011 Плејофот беше обележан како прв после 2007, во кој само во една серија се играше Натпревар 7.

Двајцата минатогодишни финалисти беа исфрлени во втората рунда (Лејкерс со 0-4 од Далас, а Бостон 1-4 од Мајами).

Формат

3 победници од дивизиите и 5 други тимови со најмногу победи од секоја конференција се квалификуваат за плејофот. Носителите се одлучуваат според учинокот на секој тим во регуларниот дел од сезоната. Но како и да е, на победникот во дивизијата му е загарантирано најмалку четвртото место, без оглед на неговиот учинок.

Тај-брејк процедура

Критериуми според кои се одлучуваат носителите се:

Водачот во дивизијата победува против тим кој не води во дивизијата Меѓусебни двобои Учинок во дивизијата (ако тимовите се од иста дивизија) Учинок во конференцијата Учинок против плејоф тимовите, нивната конференција (најдобрите 8 од конференцијата исток/запад) Учинок против плејоф тимовите, другата конференција (најдобрите 8 од конференцијата исток/запад) Кош разлика, сите натпревари

Ако има повеќе од два тима кои се изедначени, тимот кој победува во тај-брејкот добива највисоко места, додека тај-брејкот за другите тимови започнува од првиот чекор, така сè додека да се одлучат сите носители. Бидејќи трите победници во дивизиите имаат гарантирано место во првите четири, првин мора да се решки тај-брејкот кој ќе го одлучи победникот во дивизијата, пред да започнат другите тај-брејкови.

Плејоф квалификанти Источна Конференција Носител Тим Победи ОсигураноПлејоф место Дивизиска титула Најдобар учинок во Конференцијата Најдобар учинок во НБА 1 Чикаго Булс 62 Март 9 Март 9 април 8 април 13 2 Мајами Хит 58 март 10 април 3 — — 3 Бостон Селтикс 56 Март 7 март 20 — — 4 Орландо Меџик 52 март 16 — — — 5 Атланта Хокс 44 март 26 — — — 6 Њујорк Никс 42 април 3 — — — 7 Филаделфија 76ерс 41 април 1 — — — 8 Индијана Пејсерс 37 април 6 — — — — = Не е возможно

Западна Конференција Носител Тим Победи ОсигураноПлејоф место Дивизиска титула Најдобар учинок во Конференцијата Најдобар учинок во НБА 1 Сан Антонио Спарс 61 Март 9 април 3 април 6 — 2 Лос Анџелес Лејкерс 57 март 20 март 20 — — 3 Далас Маверикс 57 март 20 — — — 4 Оклахома Сити Тандер 55 март 27 април 6 — — 5 Денвер Нагетс 50 април 3 — — — 6 Портланд Треилблејзерс 48 април 5 — — — 7 Њу Орлеанс Хорнетс 46 април 6 — — — 8 Мемфис Гризлис 46 април 8 — — — — = Не е возможно

НБА Плеј-оф

Тимови со задебелени букви продолжуваат во наредната рунда. Броевите лево од секој тим го означуваат местото на носител во неговата конференција, а броевите десно од секој тим го означуваат бројот на натпревари кои тимоти ги победил во таа рунда. Победниците во дивизиите се означени со ѕвездичка. Предноста на домашен терен во НБА Финалето не секогаш му припаѓа на тимот со повисок број на носител, туку на тимот со подобар учинок во регуларниот дел од сезоната (на пример, 4от ностиел во Западната Конференција може да има подобар учинок во регуларниот дел од сезоната од 3от носител во Источната Конференција и затоа доколку тие два тима се сретнат во Финалето, тој ќе добие предност на домашен терен); Тимовите со предност на домашен терен се напишани со закосени букви.

Источна Конференција Сите времиња се во Источната Источниот часовен појас (UTC−4) Прва Рунда (1) Чикаго Булс vs. (8) Индијана Пејсерс

Меѓусебни натпревари во регуларната сезона Чикаго победи со 3–1 во меѓусебни натпревари во регуларната сезона:

Последно плејоф среќавање: 1998 Финале на Источната Конференција (Чикаго победи со 4–3)

Оваа серија беше помеѓу тимот со најдобар учинок и тимот со најслаб учинок во регуларната сезона, кој влезе во плејофот. Поради тоа се очекуваше оваа серија да биде многу лесна за Булс. Но како и да е, покрај победата на Булс од 4-1, серијата не беше толку неизвесна како што покажува резултатот. Освен последниот натпревар, секој од претходните четири, беше многу неизвесен и беше одлучен со 6 или помалку бодови. Серијата лесно можеше да отиде до 6 или 7 натпревари, доколку Пејсерс успеаја да ги претворат водствата во при крајот на натпреварот во победа во секој од првите 3 натпреевари. Но како и да е, покрај сите тешкотии, Булс успеаја да победат и да продолжат во Источното Конференциско Полуфинале по вторпат откако заврши ерата на Мајкл Џордан (тие стигнаа до Источното Конференциско Финале во 2007).

(2) Мајами Хит vs. (7) Филаделфија 76ерс

Меѓусебни натпревари во регуларната сезона Мајами победи со 3–0 во меѓусебни натпревари во регуларната сезона:

Последно плејоф среќавање: Никогаш (Прва плејоф серија)

Ново реновираниот тим на Мајами Хит, со оублицитет од сите ѕвезди во тимот, како што се ЛеБрон Џејмс и Крис Бош, беа големи фаворите во оваа серија против Филадерфија 76ерс. Со Двејн Вејд, Џејмс и Бош, ја формираа т.н “Големата Тројка“, која мораше да ги демантира критиките и да докажат дека се тим кој може да се натпреварува во плејофот, после неколкуте разочарувања во регуланата сезона (стартот со учинок 9-8, серијата до 5 изгубени натпревари со ред и слабиот учинок против подобрите тимови во лигата). Но како и да е, многумина веруваа дека Хит ќе го покажат најдоброто во плеј-офот. И покрај тоа што Сиксерс му пружија отпор на Хит, вклучувајќи неизвесни натпревари и многу пресврти, Хит успеаја да победат во серијата во пет натпревати и да продолжат во Источното Конференциско Полуфинале по првпат после нивниот трофеј како прваци во 2006 г.

(3) Бостон Селтикс vs. (6) Њујорк Никс

Меѓусебни натпревари во регуларната сезона Бостон победи со 4–0 во меѓусебни натпревари во регуларната сезона:

Последно плејоф среќавање: 1990 Прва Рунда во Источната Конференција (Њујорк победи со 3-2)

Поради тешкотиите на Селтикс при крајот на регуларната сезона, како и присуството на ѕвездите во Њујорк, како што се Амаре Стадемаер и Кармело Ентони ова беше најголемо изненадување во првата рунда. Во првите два натпревари, Никси навистина беа добри противници со минатогодишниот источен првак. Но сепак, искуството на Бостон во последните минути од натпереварите се покажаи и тие успеаја да победат во првите два неизвесни двобои. Другите два натпревари Селтикс ги победија прилично лесно, затоа што повредите на Чонси Билапс и Амаре Стадемаер си го зедоа својот дел. Ова беше единственото “чистење“ во првата рунда.

(4) Орландо Меџик vs. (5) Атланта Хокс

Меѓусебни натпревари во регуларната сезона Атланта победи со 3–1 во меѓусебни натпревари во регуларната сезона:

Последно плејоф среќавање: 2010 Полуфинале во Источната Конференција (Орландо победи со 4–0)

Покрај победата во сезонската серија против Меџик, Атланта Хокс беа третирани како аутсајдери против Орландо Меџик, предводени од Дефанзивниот Играч на Годината, Двајт Хауард. Во првиот натпревар од серијата, Хокс не успеаја да го запрат Двајт Хауард кој постигна 46 бода, но сепак со ограничувањето на придонесите на останатите клучни играчи на Магичните тие победија и ја презедоа предноста на домашен терен. Иако Меџик победија на наредниот натпревар, подобрата игра на Хокс и неможноста да постигнат тројки на Меџик (Меџик имаа 2 од 23 за лакот за 3 бода во Натпреварот 4) му даде на Хокс водство од 3-1. Наредните два натпревари беа поделени и Хокс продолжија во Источното Конференциско Полуфинале за трета година по ред.

Конференциско Полуфинале (1) Чикако Булс vs. (5) Атланта Хокс

Меѓусебни натпревари во регуларната сезона Чикаго победи со 2–1 во меѓусебни натпревари во регуларната сезона:

Последно плејоф среќавање: 1997 Полуинале на Источната Конференција (Чикаго победи со 4–1)

(2) Мајами Хит vs. (3) Бостон Селтикс

Меѓусебни натпревари во регуларната сезона Бостон победи со 3–1 во меѓусебни натпревари во регуларната сезона:

Последно плејоф среќавање: 2010 Прва Рунда во Источната Конференција (Бостон победи со 4–1)

Оваа серија се покажа како шанса за крилото на Хит, Леброн Џејмс да му се одмазди на Селтикс за елиминациите на поранешниот тим на Џејмс Кливленд Кавалиерс во плејофите во 2008 и 2010. Џејмс ја нарече серијата “лична“, велејќи “... Ти не сакаш да бидеш победен од истиот тим, истиот тим кој те праќа дома за да го планираш одморот...“ Селтикс против Хит | Полуфинале на Источната Конференција | 2011 Плејоф. NBA.com. Проверено 19 јуни 2011