Зад Чука — археолошко наоѓалиште во кичевското село Миокази. Претставува населба од римско време. При изградбата на патот Миокази — Светораче, во непосредната близина на бетонскиот мост биле откриени темели од објекти и тркалезни тули - суспензури од хипокауст. Еден месен жител и при орањето на нивата открил керамички сад во кој имало монети кои не се зачувани.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — населба од неолитското, железното, хеленистичкото, римско, доцноантичкото време и средниот век; Дирек — населба од римско време; Кале — населба од римско време; Крст — некропола од римско време; Топлец — доцноантичка населба; Миокази; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Миокази