Тутунсуз џамија (тур. Tütünsüz Camii) — џамија на падините на ридот Гази Баба во Скопје. Таа според големината е една од помалите, но според естетскиот изглед и украсните елементи е една од повпечатливите во градот. Од 2005 година припадниците на вехабитското учење, според ИВЗ ја презеле контролата на џамијата.

Легенда 220px|мини|лево|Поглед кон Тутунсуз џамијата Се претпоставува дека е изградена во XVII век. Во тоа време во Скопје постоел човек кој важел за најстрастен пушач во градот. Насекаде кај што одел, зад себе оставал траги од чад од тутун. Во еден миг, тој цврсто решил да го остави пушењето. Парите што требало да ги дава за тутун упорно ги штедел, и ја остварил големата цел — од заштедата си изградил џамија. Се смета дека се хранел скромно и секој ден купувал само по еден симит и погача. Самиот врв на минарето е исклучително впечатлив, се забележува многу оддалеку, изделувајќи се од околните објекти. Но, вистинско естетско мајсторство е прикажано при градењето на кружниот дел, на шерефето. Неговата масивност овозможила еден редок фриз од камени плочи, идеални за уметнички гравури. Во една од тие плочи била врежана слика од погача и од симит.

Долниот дел од шерефето е вистински вез во камен, каде што декоративноста е особено раскошна. Истражувачите велат дека иако се вршени интервенции по земјотресот од 1963 година, минарето е целосно зачувано, а тоа е градено од камен, тула и обработен камен.

Наводи

Надворешни врски Го оставил пушењето и си изградил џамија - Вест, 2011

Категорија:Џамии во Скопје Категорија:Џамии во Општина Чаир Категорија:Отомански џамии во Македонија Категорија:Џамии во Скопското муфтиство