Автомобилските регистарски таблички во Словенија, од лево на десно, се состојат од: две букви како ознака на подрачјето грб на административната единица блок со броеви и букви зелена рамка околу целата ознака
Кај приколките редоследот е обратен, од десно на лево.
Од влегувањето на Словенија во Европската унија на 1 мај 2004 г., се издаваат регистарски таблички кои на левата страна имаат сино поле со буквите SLO и 12 кружно наредени ѕвездички кои ги симболизираат државите членки на Европската унија.Pravilnik o registrskih tablicah motornih in priklopnih vozil, www.uradni-list.si (сло.)
На тие нови таблички веќе не постои зелената рамка околу регистарската ознака. Исто така, не се користат буквите “Č“, “Š“ и “Ž“, а наместо нив се користат “X“, “Y“ и “W“.
кратенка подрачје пример Опфатени општини CE Цеље Цеље, Лашко, Мозирје, Словенске Коњице, Шентјур кај Цеље, Шмарје кај Јелше, Велење и Жалец GO Нова Горица Ајдовшчина, Идрија, Толмин и Нова Горица KK Кршко Брежице, Кршко и Севница KP Копер Изола, Копeр, Пиран, Сежана и Илирска Бистрица KR Крањ Јесенице, Крањ, Радовљица, Шкофја Лока и Тржич LJ Љубљана Домжале, Гросупље, Храстник, Камник, Кочевје, Литија, Љубљана, Логатец, Рибница, Трбовље, Врхника, Загорје на Сава и Церкница MB Марибор Ленарт, Марибор, Ормож, Птуј, Руше и Словенска Бистрица MS Мурска Собота Горна Радгона, Лендава, Мурска Собота и Љутомер NM Ново Место Чрномељ, Метлика, Ново Место и Требње PO Постојна Постојна SG Словењ Градец Дравоград, Радље на Драва и Словењ Градец
Наводи
Словенија Категорија:Сообраќајот во Словенија