Ралф Валдо Емерсон.Richardson, p. 6. (англиски Ralph Waldo Emerson, – ) — американски предавач, есеист и поет, но најмногу е запаметен како водач на трансценденталистичкото движење во XIX век. Тој се смета за поддржувач на индивидуализмот и критичар на противставените општествени притисоци, а ги искажувал своите мислења преку десетици објавени есеи и преку повеќе од 1500 јавни предавања, кои ги одржувал низ територијата на Америка.

Емерсон постепено се одвојувал од религиозните и општестени верувања на неговите современици, формулирајќи ја и изразувајќи ја филозофијата на трансцендентализмот во есејот „Природа“ објавен во 1836 година година. Продолжувајќи со оваа идеологија, Емерсон во 1837 година објавил говор, насловен „Американскиот научник“, кој Оливер Вендер Холмс Сениор го сметал за „интелектуална Декларација за независност“ на Америка.Richardson, p. 263. Како еден од најголемите предавачи во тоа време, Емерсон имал ентузијазам и почит кон својата публика.

Емерсон ги напишал повеќето од неговите најважни есеи како предавања, но потоа ги преработил и ги објавил. Неговите први две збирки есеи – „Есеи: прва серија“ и „Есеи: втора серија“, објавени во 1841 односно 1844 – го претставуваат неговото размислување и ги вклучуваат познатите есеи како што се „Самодоверба“,, „Кругови“, „Поет“ и „Искуство“. Заедно со „Природа“, овие есеи го обележаале периодот од половината на 1830 до половината на 1840 година и овој период се смета како најплоден за Емерсон.

Емерсон пишувал за различни теми, развивајќи одредени идеи како поединечност, слобода, способноста на човекот да оствари речиси се, како и врската помеѓу душата и околниот свет. „Природа“ на Емерсон е повеќе филозофска отколку натуралистичка; „Филозофски сметано, универзумот е составен од Природата и Душата.“

Иако неговиот стил на пишување се смета за неразбирлив, дури и во неговото време, есеите на Емерсон се важен дел од американското размислување, а неговите дела влијаеле на секој поет, писател и филозоф по неговото време. Кога бил запрашан да ги резимира своите дела, тој рекол дека неговата доктрина била „бесконечноста на човекот”. Емерсон е исто така добро познат како ментор и пријател на Хенри Дејвид Торо, колега трансценденталист.

Живот, семејство и образование Емерсон е роден во Бостон, Масачусетс на 25 мај 1803 годинаRichardson, p. 18. како син на Рут Хаскинс и отец Вилијам Емерсон, унитаријански свештеник. Тој бил именуван по братот на неговата мајка, Ралф, и прабабата на татко му, Ребека Валдо. Ралф Валдо бил вториот од петте синови кои доживеале зрелостBaker, p. 3.; другите биле Вилијам, Едвард, Роберт Булкели и Чарлс. Трите други деца – Фиби, Џон Кларк и Мери Каролина – умреле во детсвото. Емерсон имал англиско потекло, а неговото семејство било во Нова Англија уште од раниот колонијален период, со тоа што Емерсон бил седма генерација на патниците од Мејфлауер Џон Хауланд и Елизабет Тили преку нивната ќерка Хоуп.

Таткото на младиот Ралф Валдо Емерсон починал од рак на стомакот на 12 мај 1811, само две недели пред Емерсон да наполни осум годиниMcAleer, p. 40.. Емерсон бил одгледан од неговата мајка, со помош од другите жени во семесјтвото; неговата тетка Мери Муди Емесон имала голема улога во неговиот живот. Таа понекогаш живеела со фамилијата и постојано се допишувала со Емерсон сè до нејзината смрт во 1863 година.Baker, p. 35.

Школовањето на Емерсон започнало во Бостонското латинско школо во 1812 година додека имал девет годиниMcAleer, p. 44.. Во октомври 1817, на 14 години Емерсон се запишал на Харвардскиот колеџ и бил назначен за потпарол на претседателот на класотMcAleer, p. 52.. Кон средината од неговата бруцошка година, Емерсон започнал да води список на книги што ги прочитал, како и дневник во тетратки, кои подоцна ќе ги нарече „Широк свет“. Емерсон започнал да работи како келнер и како повремен учител со неговиот вујко Самјуел во Валтам, Масачусетс. Тој работел за да може да ги покрие своите трошоци за школување. За време на неговата последна година, Емерсон се решил да го користи неговото средно име, Валдо. Емерсон служел како поет на класот; како што и било обичај, тој презентирал песна на денот во својот клас на Харвард, еден месец пред неговото официјално дипломирање на 29 август 1821, кога имал 18 годиниMcAleer, p. 61.. Како студент, не се одвојувал од другите и дипломирал со среден просек во клас што броел 59 луѓе. Во раните 1820-тите, Емерсон бил учител во Школата за млади дами (која ја водел неговиот брат Вилијам). Потоа поминал две години живеејќи во кабина во делот Кантербери во Роксбери, Масачусетс, каде што пишувал и проучувал за природата. Во негова чест, оваа област денес се нарекува Скулмастер Хил во бостонскиот парк Френклин.

Во 1826 година, соочен со лошото здравје, Емерсон заминал да бара места со потопла клима. Тој најпрвин пристигнал во Чарлстон, Јужна Каролина, но и овде било преладноRichardson, p. 72.. Тој потоа заминал уште повеќе на југ. Пристигнал во Сент Огастин, Флорида и овде тој уживал во долгите прошетки на плажата и започнал да пишува поезија. Додека бил на Сент Огастин, тој се запознал со принц Ахил Мурат. Мурат, кој бил внук на Наполеон Бонапарт, бил втора година на факултет. Емерсон и Мурат станале многу добри пријатели и уживале во меѓусебното друштво. Двајцата се впуштале во дискусии за религијата, општеството, филозофијата и владата. Емерсон го сметал Мурат за важна фигура во неговото интелектуално образование..Field, Peter S. (2003). Ralph Waldo Emerson: The Making of a Democratic Intellectual. Rowman & Littlefield. .

Рана кариера

По Харвард, Емерсон му помагал на својот брат ВилијамRichardson, p. 29. во школото за млади жени кое било воспоставено во куќата на нивната мајка. Кога неговиот брат заминал во Готинген да студира богословиеRichardson, p. 35., Емерсон ја презел одговорноста за школото. Следните неколку години,, Емерсон заработувал за живот како управник на школото, па потоа се запишал на харвардските студии за богословие.

Братот на Емерсон, Едвард, кој бил две години помал од Емерсон, се вработил во канцеларијата на адвокатот Даниел Вебстер. Физичкото здравје на Едвард започнало драстично да опаѓа и тој наскоро претрпел и нервен слом. Тој бил одведен во лудница на 23 години. Иако се опоравил од неговата ментална состојба, тој сепак починал во 1834 година од туберкулоза.Richardson, pp. 37. Чарлс, кој бил исто така еден од помладите браќа на Емерсон и кој ветувал многу, исто како и Едвард, починал од туберколоза.Richardson, pp. 38–40.

Емерсон ја запознал својата прва сопруга, Елен Луис Такер, во Конкорд, Њу Хемпшир, на Божиќ во 1827 година и се оженил со неа кога таа наполнила 18 години.Richardson, p. 92. Тие се преселиле во Бостон, земајќи ја Рут, мајката на Емерсон, да се грижи за Елен, која била болна од туберколоза.McAleer, p. 105. За помалку од две години, Елен починала на дваесетгодишна возраст на 8 февруари 1831 годинаRichardson, p. 108., откако ги кажала последните зборови: „Не ги заборавам мирот и радоста“. Емерсон бил тешко погоден од нејзината смрт и секојдневно го посетувал нејзиниот гроб во Роксбари. Во неговиот дневник датиран на 29 март 1832, Емерсон напишал: „Го посетив гробот на Елен и го отворив ковчегот“.Journals and Miscellaneous Notebooks of Ralph Waldo Emerson. Volume I. p. 7.

Втората црква на Бостон го поканила Емерсон да проповеда како помлад пастор и тој бил прифатен на 11 јануари 1829 година. Неговата почетна плата изнесувала 1.200 $ годишно, зголемувајќи сè до 1,400$ до јули, но со неговата црковна улога тој презел и други одговорности. Тој бил капелан на законодавниот дом на Масачусетс и член на Бостонскиот школски комитет. Со црковните работи постојано бил зафатен, иако за време на овој период, со смртта на неговата жена, тој започнал да се сомнева во неговите сопствени верувања.

По смртта на неговата жена, тој започнал да не се согласува со методите на цркватаSullivan, p. 6. и во неговиот дневник напишал: „Понекогаш мислев дека за да бидеш добар свештеник, треба да го напуштиш свештенството. Професијата е застарена. Во поинакво време, ние ги возвишуваме мртвите форми на нашите предци.” Неговите несогласувања со официјалните лица на црквата околу начинот на служење на евхаристиската служба дошле до таа мера што Емерсон морал да си даде оставка во 1832 година. Како што тој напишал, „Овој начин на прославување на Христа не ми одговара. Тоа е доволна причина за да го напуштам ова.“Packer, p. 39.Emerson, Ralph Waldo (1832). "The Lord's Supper". Uncollected Prose. Како што истакнал еден научник од Емерсон, „Одбивајќи ја пристојната црна боја на свештеникот, тој беше слободен да ја избере облеката на предавачот и наставникот, на мислителот кој не е ограничен во границите на институцијата или традиција“.Ferguson, Alfred R. (1964). "Introduction". The Journals and Miscellaneous Notebooks of Ralph Waldo Emerson. Volume IV. Cambridge, Massachusetts: Belknap Press, p. xi.

Емерсон ја обиколил Европа во 1832 година и подоцна пишувал за овој подвиг во „Англискиот карактер“.McAleer, p. 132. Тој се качил на бродот „Јаспер“ на Божиќ , пловејќи прво кон Малта.Baker, p. 23. За време на неговото европско патување, тој поминал неколку месеци во Италија, посетувајќи ги Рим, Фиренца, Венеција и други градови. Додека бил во Рим, се сретнал со Џон Стјуарт Мил, кој му дал препорака на Емерсон за да се сретне со Томас Карлајл. Бил и во Швајцарија и морал да биде одвлечен на сила за да го посети домот на Волтер во ФерниRichardson, p. 138.. Тогаш тој заминал за Париз, „гласно современо место, слично на Њујорк“, и ја посетил градината на цвеќињата. Тој бил фасциниран од организацијата на цвеќињата според системот на класифицирање на Жусие, и начинот на кој сите објекти се поврзани. Како што вели Ричардсон, „Увидот на Емерсон во внатрешната поврзаност на работите во градината на цвеќињата бил момент на визионерски интензитет кој го одделил од теологијата, а го привлекол кон науката“.Richardson, p. 143.

Одејќи на север кон Англија, Емерсон се запознал со Вилијам Вордсворт, Семјуел Тејлор Колриџ и Томас Карлајл. Карлајл особено имал големо влијание врз Емерсон. Подоцна, Емерсон ќе работи за Карлајл како неофицијален книжевен застапник во Америка и во март 1835 година тој се обидел да го убеди Карлајл да дојде во Америка и да предаваRichardson, p. 200.. Емерсон и Карлајл продолжиле да си допишуваат сè до смртта на Карлајл во 1881 годинаPacker, p. 40.

Емерсон се вратил во Америка на 9 октомври 1833 и продолжил да живее со својата мајка во Њутон, Масачусетс, сè до октомври 1834, кога се преселил во Конкорд, Масачусетс, да живее со таткото на неговата жена, д-р Езра Рипли.Richardson, p. 182. Гледајќи го растежот на лицејското движење, кое одржувало предавања на сите теми, Емерсон се видел себеси како предавач. На 5 ноември 1833, тој го направил првото од она што подоцна ќе бидат околу 1.500 предавања, дискусирајќи за „Користа од природознанието за Бостон“. Ова било пошироко образложување за неговото искуство во Париз.Richardson, p. 154. Во ова предавање, тој ги претставил некои од неговите најважни верувања и идеи, кои подоцна ќе ги развие во неговиот прв објавен есеј „Природа“:

На 24 јануари 1835 година, Емерсон и напишал писмо на Лидија Џексон во кое и предложил бракRichardson, p, 190.. Нејзиното прифаќање стигнало до него преку пошта на 28 јануари. Во јули 1835 година, Емерсон купил куќа во Конкорд, Масачусетс и ја именувал како „Грмушка“. Денес е отворена за јавноста како „Куќата на Ралф Валдо Емерсон“.Wilson, Susan (2000). Literary Trail of Greater Boston. Boston: Houghton Mifflin. p. 127. . Емерсон, за многу кратко време, се воздигнал меѓу водечките граѓани во градот. Тој одржал предавање во чест на двестотото годишно постоење на градот Конкорд на 12 септември 1835 годинаRichardson, p. 206.. Два дена подоцна, тој се оженил со Лидија Џексон во нејзиниот роден град Плимут, Масачусетс, а на 15 септември се преселиле во новиот дом во Конкорд заедно со мајката на Емерсон.Richardson, pp. 207–208.