Знамето на Европската Унија или само Знаме на Европа е знаме и амблем на Европската Унија (ЕУ) и Советот на Европа (СЕ). Знамето се состои од еден круг со 12 златни (жолти) ѕвезди петокраки на сина позадина. Сината боја го претставува запад, бројот на ѕвездите го претставува заедништвото, а нивната позиција во круг го претставува единството.

Знамето е дизајнирано од страна на Арсен Хајц и Пол Леви во 1955 година како симбол на Советот на Европа, а Советот пак повикал тоа да биде усвоено и од другите европски организации. Во 1985 година Европската Унија, која тогаш се викала Европска економска заедница (ЕЕЗ), по иницијатива на Европскиот Парламент го прифатила како свое знаме, а пред тоа немало никакво знаме во употреба.

Иако е знаме на две одделни организации, тоа многу почесто се поврзува со Европската Унија, отколку со Советот на Европа. Знамето вообичаено се користи за да ја претставува Европа на спортските настани и е про-демократско обележје надвор од Европската Унија. Тоа делумно било инспирација и за создавање други знамиња, како што се оние на другите европски организации или на држави во кои Европската Унија била вклучена подолг период, како на пример Босна и Херцеговина и Косово.

Изглед thumb|десно|260px|Пропорции на знамето и скица за изработка.

Знамето има правоаголна форма со пропорции 2:3 и неговата ширина е еден и пол пати поголема од неговата висина. Дванаесетте златни (или жолти) ѕвезди се наредени во круг чиј полупречник е една третина од висината и тие се поставени на сина позадина. Сите ѕвезди се исправени петокраки и се распоредени на еднакво растојание според позициите на часовите кај часовникот.

Во хералдичкиот опис даден од страна на ЕУ пишува:

Советот на Европа за знамето го дава следниот опис:

Исто како што дванаесетте знаци на зодијакот ја претставуваат целата вселена, дванаесетте златни ѕвезди ги претставуваат сите народи во Европа - вклучувајќи ги и оние кои сè уште официјално не се дел од Европската Унија.

Бои Основната боја на знамето е темносина, односно рефлективна сина боја, мешавина на синозелена и магента. Златните ѕвезди се во жолта боја. Боите се определени во согласност со системот на бои Пантон (Pantone).

ПМС RGB приближноХексадецимално CMYK црвена зелена сина синозелена магента жолта црна сина рефлективна сина 0 51 153 003399 100% 80% 0% 0% златна жолта 255 204 0 FFCC00 0% 0% 100% 0%

Пред да биде усвоен сегашниот дизајн, биле предложени голем број на дизајни. Одбиените предлози се зачувани во архивата на Советот на Европа. Еден од предлозите бил дизајн со бели ѕвезди на светлосина површина, како знак на мирот и интернационализмот на Обединетите Нации. Официјално мрежно место ги прикажува сината и златната боја како оригинални бои на грофот Рихард Николаус фон Куденхов-Калерги, кој во 1923 година предложил Паневропска Унија и бил активен поддржувач на Заедницата уште во нејзините почетоци.

Бројот на ѕвезди thumb|upright|Дванаесетте олимписки богови од Монсио (Nicolas-André Monsiau) (доцен XVIII век) Бројот на ѕвезди на знамето е фиксен, 12, и не е поврзан со бројот на земји-членки на ЕУ. Тоа е затоа што првично било знаме на Советот на Европа и немало никаква поврзаност со ЕУ. Во 1953 година, Советот на Европа имал 15 членови и бил даден предлог наредното знаме да има по една ѕвезда за секој иден член и потоа да не се менува, без разлика на идните членови. Западна Германија била против ова, бидејќи еден од членовите била спорната област Сар и добивањето на своја ѕвезда, би имплицирало суверенитет за регионот. Најпосле, 12 бил усвоен како број кој нема политичка конотација и број кој е симбол на совршеноста и целокупноста поради неговата присутност во европските култури и традиции како што се:

12 ѕвезди кои ја крунисуваат главата на Девицата Марија во Книгата на Откровението, глава 12 12 часа на часовникот 12 месеци во годината 12 хороскопски знаци 12 апостоли на Исус Христос 12 синови на Јаков 12 Израилеви племиња 12 библиски мали пророци 12 унци во еден паунд од трој системот за тежина 12 полутонови во една октава 12 Божиќни денови 12 Цезари во летописите на Светониј 12 олимписки богови 12 подвизи на Херкул 12 табели на Римското право 12 книги на Изгубениот Рај и Енеида 12 нијанси во тркалото на боите (во западната уметност)

Иако 12 е точниот број на ѕвезди, понекогаш на знамињата или амблемите можат да се забележат 15 (поради одбиениот предлог) или 25 (поради нечиите предлози по проширувањето на 25 земји-членки во 2004).

Библиско толкување thumb|Богородица од Карло Долчи, 1670 г. Еден интересен аспект во врска со знамето е неговото поврзување со дванаесетте ѕвезди во ореолот на Богородица што можат да се видат во сакралната уметност на католичката црква. Дизајнерот на знамето, Арсен Хајц, признал дека во Книгата на Откровението (каде што ореолот со дванаесет ѕвезди на Кралицата на Небото за првпат бил споменат) помогнал во неговата инспирација. Дел од текстот Откровение, 12:1 ја објаснува симболиката: "Потоа на небото се покажа еден голем знак: жена облечена со Сонцето. Под нејзините нозе беше Месечината, а на главата имаше венец со дванаесет ѕвезди" (венецот од ѕвезди може да се толкува како "Круна на Бесмртноста"). Забележано е дека денот кога знамето било усвоено, 8 декември 1955 година, се поклопувал со католичкиот Празник на безгрешно зачетие на Пресвета Богородица, празник утврден во 1854 г. од страна на папата Пиј IX.

Се развил мит околу Пол Леви, Белгиец со еврејско потекло, кој ветил дека ако ја преживее војната ќе стане христијанин. Преживеал и станал католик. Кога бил основан Советот на Европа, Леви станал шеф на Одделот за култура. Во 1952 година, кога се дискутирало околу идејата за европското знаме, Леви го поддржал знамето на Паневропското движење. Сепак, крстот како елемент во неговиот дизајн, бил отфрлен од социјалистите и Турците како премногу христијански.

Еден ден Леви поминал покрај статуа на Дева Марија со ореол од ѕвезди и бил одушевен од начинот на кој ѕвездите, осветлени од Сонцето, сјаат наспроти синилото на небото. Подоцна Леви го посетил Грофот Бенвенути, венецијански христијански демократ, а потоа и генералниот секретар на Советот на Европа, и рекол дека тој предлага дванаесет златни ѕвезди на сина основа како мотив за знамето на Европа. Сепак, идејата за дизајн на знамето ја дал Арсен Хајц а не Леви, и Леви подоцна изјавил дека откако знамето било избрано тој бил информиран за поврзаноста со Книгата на Откровението. Официјалните власти на Европската унија ja отфрлиле библиската интерпретација како мит.

И покрај формалното отфрлање на библиското толкување, на 21 октомври 1956 година Советот на Европа го претставил градот Стразбур, своето официјално седиште, со витражот од прозорецот во Катедралата во Стразбур изработен од страна на парискиот уметник Макс Ингранд. Тој ја покажува Богородица под круг од 12-те ѕвезди на темносина земја. Ваквото претставување на Богородица било инспирирано од знамето на Congrégation Mariale des Hommes при катедралата, а дванаесет ѕвезди се наоѓале на статуата кон која оваа конгрегација (Собор) искажувала почит (дванаесет, исто така, бил и бројот на членови на Советот на конгрегацијата).

Употреба Советот на Европа thumb|200px|Знамето во изменета варијанта што го користи Советот на Европа Знамето било дизајнирано од страна на Советот на Европа, и како таков тој ги поседува авторските права за знамето. Меѓутоа, Советот се согласил Европските организации да можат да го користат знамето, а неговата употреба била промовирана и од страна на други регионални организации. Советот на Европа сега ја дели одговорноста со Европската Комисија за да се обезбеди при употребата да се почитува достоинството на знамето, при што тие преземаат мерки за спречување на злоупотребата.

Покрај користењето на ова знаме, Советот, исто така, како свој симбол користи и изменета верзија на знамето: постоечкиот дизајн со стилизирана, зелена буква "е" преку ѕвездите.

Европската Унија thumb|left|Знамето на Европа на табличките на земјите членки на ЕУ Знамето ја симболизира ЕУ како целина, но исто така тоа е единствениот амблем на Европската комисија, извршното тело на ЕУ. Меѓутоа, сите други органи и агенции, со исклучок на Европската агенција за реконструкција, имаат свои амблеми, иако често тие се инспирирани од дизајнот и боите на Знамето на Европа.

Како дел од користењето во ЕУ, знамето се појавува на возачките дозволи и регистерските таблички на возилата што се издадени во Унијата, како и на евро банкнотите. Евро монетите, исто така, ги прикажуваат дванаесетте ѕвезди од знамето и на аверсот и на реверсот, а знамето понекогаш се користи и за означување на валутата или на еврозоната (оние држави кои го користат еврото).

Протокол thumb|На меѓудржавни средби знамето на Европа вообичаено е истакнато покрај националното знаме на земјата домаќин Знамето задолжително се користи при сите официјални говори на претседателот на Европскиот Парламент, како и при официјалните средби меѓу водачите на државите од ЕУ и оние што не се нејзини членки (обично националното знаме на државата-членка и знамето на Европската Унија се истакнуваат заедно). Иако вообичаено националното знаме има приоритет пред европското знаме во национален контекст, средбите помеѓу водачите на ЕУ понекогаш се разликуваат. На пример, на италијанските прописи за знамето изречно го заменуваат италијанското знаме со европското, давајќи му предост кога високи државни претставници од другите земји од ЕУ доаѓаат во посета - на пример, наместо италијанското, знамето на ЕУ ќе биде во средината во група од три знамиња.The Rules of Protocol regarding national holidays and the use of the Italian flag Presidency of the Council of Ministers, Department of Protocol (retrieved 5 October 2008)

Европското знаме вообичаено го истакнува владата на државата-претседавач со Советот на министри, иако во 2009 година чешкиот претседател, кој бил евроскептик, одбил да го постави знамето на владината зграда. Како одговор на ова, активистите на "Гринпис" проектирале слика од знамето врз зградата на Владата, обидувајќи се на тој начин самите да го постават знамето.

Некои земји-членки, исто така имаат свои правила во однос на употребата на европското знаме и нивното национално знаме. На пример, задолжителна негова употреба заедно со националното знаме на државни институции како полициски станици или згради на локална самоуправа. Вон службена употреба, знамето не може да се користи за цели што се некомпатибилни со европските вредности.

Во националната употреба, со националниот протокол националното знаме најчесто има приоритет пред европското знаме. Во случаи каде европското знаме се вее заедно со сите национални знамиња (на пример на состанок на Европскиот совет), националните знамиња се поставени по азбучен ред (според нивното име на главниот јазик на таа држава), со европското знаме на почеток или најдесно во редот.

Знамето посебно се истакнува на денот на знамето на ЕУ, познат и како Ден на Европа, кој се празнува секоја година на 9 мај. На Денот на Европа во 2008 година, за првпат европското знаме било истакнато и на германскиот Рајхстаг.

Воена и поморска употреба thumb|left|180px|Знаменце на бродовите на инспекциите за рибарство на ЕУ Освен употребата на знамето од страна на владата и луѓето, исто така се употребува и во воени операции на ЕУ, но не се користи како симбол на трговските бродови. Во 2003 година, член на Европскиот парламент поднел предлог до Привремениот комитет на Европскиот парламент знамето да стане симбол и на трговските бродови. Предлогот бил одбиен од Парламентот во 2004 година и оттогаш европското знаме не се користи како европски симбол на трговците.