Романска делегација во посета на Ресен е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година во времетраење од 4 минути. Иако се работи за дел од една целина - Романска делегација во посета на Македонија - Милтон Манаки, при идентификацијата на филмовите, овој материјал го спомнува трипати Профил на Романска делегација во посета на Битола на страницата на МИФЦ.. Снимен е во стандард техника, без звук, во црно бела форма и на 35мм филм.
Кратка содржина
Третиот снимен дел од посетата на романската делегација на Македонија е и најдолг и го следи патот на делегацијата кон Ресен, како и нејзиното пристигнување и престој во овој град. Самиот филм може да се подели на два мини-дела: Во првиот со камерата се следи колоната кочии на патот кон Ресен. Колоната е доста долга, придружувана од турска војска. Во вториот дел, камерата го следи пристигнувањето на делегацијата во Ресен, нејзиниот пречек од страна на Нијази-бег, еден од водачите на Младотурската револуција, како и нејзиниот престој во овој град.
Поврзано Браќа Манаки Романска делегација во посета на Македонија
Белешки
Надворешни врски
Категорија:Филмови на браќата Манаки Категорија:Култура на Ресен