thumb|Снимка од Пауло кој зборува Тувалски
Тувалски јазик — јазик од полинезиската група кој има службен статус во Тувалу. Сроден е со останатите полинезиски јазици, како што се хавајски, маорски, тахитски, самоански или тонгански. Тувалскиот јазик има позајмено доста зборови од самоанскиот јазик. Во светот се проценува дека има околу 13.000 говорници.
Јазични влијанија Овој јазик имал значителен контакт со кирибатскиот јазик, потоа со самоанскиот јазик, а во последно време со англискиот јазик. Кирибатскиот јазик бил значаен за Тувалу за време на колонизацијата. Денес, јазикот има влијание од англискиот јазик.
Дијалекти Тувалскиот јазик е поделен на две дијалектни групи: севернотувалски и јужнотувалски. Севернотувалските дијалекти се зборуваат на островите Нанумеја, Нанумага и Ниутао, додека јужнотувалските се зборуваат на Фунафути, Ваитупу, Нукуфетау и Нукулаелае. Сите дијалекти се разбираат меѓу себе. Стандардниот јазик се заснова на дијалекто Фунафути-Ваитупу.
Поврзано Тувалу Полинезиски јазици
Категорија:Полинезиски јазици Категорија:Тувалу Категорија:Загрозени јазици