Доселување или имиграција — воведување на нови луѓе во живеалиште или население. Тоа е биолошки концепт и е важeн за популационата екологија, кој се разликува од иселувањето ( иселувањето) и поинаквите преселби (миграции).

На поимот „доселеник" (имигрант) често се гледа потценувачки. Лицето кое се населува од посиромашна во побогата земја се нарекува доселеник, а пак лицата кои потекнуваат од побогата земја, а имаат постојано живеалиште во посиромашна земја самите се нарекуваат „доселеници” или претпочитаат да велат дека се повлекле, а не дека се доселиле во земја со подобри климатски услови и пониски трошоци за живот.

Статистика Од денешните 200 милиони доселеници низ светот, речиси 70,6 милиони живеат во Европа, потоа следи Северна Америка со над 45,1 милион доселеници и Азија со околу 25,3 милиони. Азија стана главен извор на доселување.

Обединетите нации утврдија дека во 2005 година низ светот имало речиси 191 милион меѓународни доселеници, што е околу 3 проценти од светското население. Овој пораст, во однос на 1990 година, изнесува 26 милиони. Денес, шеесет проценти од овие доселеници живеат во развиени земји, што исто така претставува пораст во однос на 1990 година. Бројот на доселеници во помалку развиените земји стагнираше, главно, поради намалувањето на бројот на бегалци. Погледнете ги тие податоци во споредба со просечната стапка на глобализација (процентот на прекуграничната трговија во сите гранки) која надминува 20 проценти. Во иднина се очекува да се зголеми бројот на луѓе кои живеат надвор од својата родна земја.

Со пописот на ОН во 2005 година е евидентирано дека Средниот Запад (САД), некои делови од Европа, мали области во југозападна Азија, како и неколку места во Источна Азија имаат највисок процент на население кое се доселило. Меѓутоа, веродостојноста на пописите на доселеници е мала заради прикриениот карактер на непријавената преселба на работна сила. Меѓународната организација за преселба проценува дека денес бројот на странскипреселници низ светот изнесува над 200 милиони.

Неодамнешните истражувања на организацијата „Галуп“ покажуваат дека околу 700 милиони возрасни луѓе би сакале, доколку имаат можност, да се преселилет во друга земја. САД е најпосакуваното одредиште. Речиси една четвртина (24%) од овие испитаници, што претставува повеќе од 165 милиони возрасни луѓе низ светот, велат дека Америка е нивното најпосакувано идно место за живеење. Бидејќи се проценува дека дополнителни 45 милиони лица изјавиле дека сакаат да се преселат во Канада, Северна Америка е еден од двата најпосакувани региони.

Другите најпосакувани одредишта (оние во кои околу 25 милиони или повеќе возрасни луѓе би сакале да заминат) се главно земји во Европа. Четириесет и пет милиони возрасни луѓе би сакале да се преселат во Обединетото Кралство или во Франција како нивнo најпосакувано одредиште, додека 35 милиони би сакале да се преселилет во Шпанија и 25 милиони би сакале да се преселат во Германија, 30 милиони во Саудиска Арабија и 25 милиони во Австралија.

Разбирање на доселувањето Општи теории за доселувањето Една теорија за доселување прави разлика меѓу фактор на одбивање (Push) и фактор на привлекување (Pull). Факторите на одбивање главно се однесуваат на причината за иселување од родната земја. Кај економската преселба (најчесто преселба на работната сила) се истакнуваат разликите во нивото на платите. Ако вредноста на платите во новата земја ја надминува вредноста на платите во родната земја, тој или таа ќе одлучи да се пресели сè додека трошоците не се премногу високи. Особено во 19 век, економската експанзија на САД го зголеми приливот на иселеник (емигрант) така што речиси 20% од населението беа странци за разлика од бројките денес кои покажуваат 10%, што претставува значителен процент од работната сила. Сиромашните луѓе од помалку развиените земји можат да имаат многу повисоки стандарди на живеење во развиените земји, отколку во земјата од која потекнуваат. Цената на иселувањето, во која се вклучени експлицитните трошоци, цената на картата, имплицитните трошоци, изгубеното работно време и губењето на врските со заедницата, исто така играат голема улога во привлекувањето на иселениците за да ја напуштат нивната родна земја. Со подобрувањето на транспортната технологија, помеѓу 18 век и почетокот на 20 век времето потребно за патување и трошоците драстично се намалија. Патувањето преку Атлантикот траело и до 5 недели во 18 век, а пак на почетокот на 20 век траело едвај 8 дена. Кога опортунитетниот трошок е понизок, стапките на доселување се стремат да бидат повисоки. Бегањето од сиромаштијата (од лични причини или заради роднините што остануваат зад нив) е традиционален фактор на одбивање, а достапноста на работни места е поврзана со факторот на привлекување. Природните катастрофи можат да го зголемат приливот на преселба предизвикан од сиромаштија. Овој вид преселба може да биде нелегална доселување во земјата одредиште (и иселувањето е нелегална во некои земји, како што се Северна Кореја, Мјанмар и Куба).

Понекогаш иселувањето и доселувањето се задолжителни во договорот за вработување: религиозни мисионери и вработените во транснационалните корпорации, меѓународните невладини организации и дипломатска служба се очекува, по дефиниција, да работат во странство. Тие често се нарекуваат „експатриоти“, а нивните услови за вработување обично се еднакви или подобри отколку на оние кои аплицираат во земјата-домаќин (за слично работно место).

За некоипреселници, образованието е основен фактор на привлекување (иако повеќето меѓународни студенти не се класифицирани како доселеници). Преселбата на пензионери од богати земји во земји со пониски трошоци и со подобри климатски услови е нов вид меѓународна преселба. Примерите ја вклучуваат преселбата на пензионирани Британци во Шпанија и Италија и преселбата на пензионирани Канаѓани во САД (главно во американските држави Флорида и Тексас).

Неекономските фактори на одбивање вклучуваат прогонување (религиозно и друго), честа злоупотреба, малтретирање, угнетување, етничко чистење, дури и геноцид, како и ризик за граѓаните за време на војна. Традиционално, политичките мотиви го поттикнуваат одливот на бегалци-на пример за да се избегне диктатура.

Некои се преселилет од лични причини, врз основа на некоја роднинска врска (на пример, да бидат со семејството или со партнерот), како во случај на повторно обединување на семејството или интернационален брак (особено во случај на полова нерамнотежа). Во некои случаи, лице може да сака да емигрира во друга земја во форма на пренесен патриотизам. Избегнување на правдата (на пример избегнување апсење), е лична мотивација. Овој вид на иселување и доселување обично не е легален, доколку кривичното дело е меѓународно признато, иако криминалците можат да ги прикријат нивните идентитети или да најдат друг начин за да избегнат да бидат откриени. Постојат случаи, на пример оние кои можеби се виновни за воени злосторства, да се прикриваат како жртви на војна или конфликт и потоа да бараат азил во друга земја.

Бариерите на доселувањето не се среќаваат само во правна форма. Исто така моќни бариери се и природните и социјалните форми. Кога доселениците ја напуштаат својата земја, го напуштаат и сето она што им е познато: нивното семејство, пријателите, поддршка од другите и културата. Исто така тие треба да го распродаваат својот имот, често со големи загуби, и да ги покријат трошоците за преселување. Доаѓањето во друга земја, често е проследено со многу неизвесности околу наоѓањето работа, место за живеење, нови закони, нови културни норми, проблеми поврзани со јазикот или акцентот, можниот расизам и друг вид дискриминирачко однесување кон доселениците и нивните семејства. Овие бариери ја ограничуваат меѓународната преселба (кај ситуации кога населението масовно се движи кон други континенти создава огромен прилив на население, што само по себе врши оптоварување на инфраструктурата и на другите услуги, со што овие природни бариери за преселбата се игнорираат).

Доселбената (имиграциона) политика станува сè повеќе поврзана со други прашања, како што се националната безбедност, тероризмот и особено во Западна Европа присутноста на исламот како нова голема религија. Оние кои се загрижени за безбедноста го наведуваат граѓанското безредие во Франција од 2005 година, кое се поврзува со контроверзните карикатури на Мухамед во данскиот дневен весник „Јуландс Постен“ како пример на вредносни конфликти кои произлегуваат од доселувањето на муслиманите во Западна Европа. Поради ваквите асоцирања, доселувањето стана чувствително политичко прашање кај голем број европски земји.

Регионални фактори за доселување Во принцип, на граѓаните на една земја-членка на Европската унија им е дозволено да работат во друга земја-членка со мало или никакво ограничување на движењето. Ова е потпомогнато од мрежата на ЕУРЕС која ги поврзува Европската комисија и јавните служби за вработување на земјите кои се дел од Европската економска област и Швајцарија. За оние кои не се државјанина ЕУ, а се жители со постојан престој во ЕУ, движењето меѓу земјите-членки на ЕУ е значително потешко. По новите бранови на пристапување кон Европската унија, првите земјите-членки често воведуваа мерки за ограничување на учеството во „нивните“ пазари на трудот од страна на граѓани од новите земји-членки на ЕУ. На пример, Австрија, Белгија, Данска, Франција, Германија , Грција, Италија, Луксембург , Холандија, Португалија и Шпанија го ограничија својот пазар на трудот за период од 7 години во бранот на пристапување од 2004 и 2007 година.

Поради политиката на единствен внатрешен пазар на трудот на Европската унија , во принцип, земјите како што се Италија и Република Ирска, кои имале релативно многу ниски нивоа на доселување на работната сила сè до неодамна (и кои во минатото често испраќале значителен дел од своето население во странство), денес се соочуваат со прилив на доселеници од земјите на ЕУ кои имаат пониски годишни стапки на заработувачка по жител, што предизвика општонародни дебати во врска со доселувањето.

Во меѓувреме, Шпанија се соочува со сè поголема нелегална доселување од Африка. Бидејќи Шпанија е најблиската земја-членка на ЕУ до Африка – таа има дури и два автономни градови (Сеута и Мелила) на африканскиот континент , како и автономна заедница (Канарските Острови) западно од Северна Африка , во Атлантикот - Шпанија е физички е најлесно достапна за иселениците од Африка. Ова доведе до дебата во рамките на Шпанија и помеѓу Шпанија и другите членки на ЕУ. Шпанија побара помош за гранична контрола од другите членки на ЕУ, а тие одговорија дека Шпанија сама си го донела бранот на африкански нелегалнипреселници со тоа што им доделувала амнестија на стотици илјадници непријавени странци.

Обединетото Кралство, Франција и Германија се соочија со голем број преселби од крајот на Втората светска војна и со децении дебатираат за проблемот. Странските работници беа донесени во овие земји за да помогнат во обновата по војната и многумина останале. Политичките дебати околу доселувањето обично се фокусираат на статистиката , законот за доселување и политиката за доселување и на спроведувањето на постоечките ограничувања. Во некои европски земји, во деведесеттите години од 20 век дебатата била фокусирана на барателите на азил, но рестриктивните политики во рамките на Европската унија , како и намалувањето на вооружените конфликти во Европа и соседните региони, нагло го намалиле бројот на баратели на азил.