Аминта IV бил крал по титула на Кралството Македонија во 359 п.н.е. и член на династијата АргеадиInscriptiones Graecae.
Аминта бил син на кралот Пердика III. По смртта на татко му во 359 п.н.е. станал крал, сѐ уште бил малолетен. Негов тутор и регент на кралството станал Филип II Македонски, најмладиот брат на Пердика, кој тогаш имал 23 години. Истата година Филип II Македонски се прогласил за крал на Македонија. Иако ја узурпирал власта на својот млад внук, не го сметал за опасност по неговото владеење, дури му ја дал раката на својата ќерка Кинана. Но, после убиството на Филип II и доаѓањето на Александар Македонски на власт во 336 п.н.е, ситуацијата се променила. Александар сметал дека Аминта претставува опасност на неговиот пат до престолот и веднаш го погубил. Наводи
Категорија:Кралеви на Кралството Македонија Категорија:Аргеадска династија Категорија:Луѓе погубени од Александар III Македонски Категорија:Погубени владетели на Кралството Македонија Категорија:Родени во непозната година Категорија:Луѓе погубени од Александар Македонски