Договорите на Европската унија се збир на меѓународни договори помеѓу земјите-членки на Европската унија (ЕУ) коишто ја поставуваат нејзината уставна основа. Тие ги формираат бројните институции на ЕУ како и нивните надлежности, постапки и цели. ЕУ може да дејствува само во рамките на надлежностите коишто произлегуваат од овие договори, а за нивна измена, потребна е согласност и ратификација од секоја земја-членка. мини|Насловна страница на документ на ЕУ што ги содржи консолидираните договори и документи кои ја сочинуваат правната основа на ЕУ Содржина
Клучните два договори врз кои ЕУ се заснова се Договорот за Европска унија (Мастришкиот договор, којшто е во сила од 1993 година) и Договорот за функционирање на Европската унија (Договорот од Рим, којшто е во сила од 1958 година). Овие клучни договори (заедно со нивните протоколи и декларации) се изменети со нивно дополнување и тоа најмалку еднаш во една декада откако тие стапиле во сила. Последниот клучен договор е Лисабонскиот договор којшто стапи во сила во 2009 година со кој Повелбата на основните човекови права стана правно обврзувачка иако таа не е договор сама по себе. Проблематичната ратификација на Лисабонскиот договор покажува дека нема услови за дополнителни реформи во следните неколку години. Икслучок се Договорите за пристапување со коишто новите земји-членки можат да се приклучат кон Унијата.
Договорот за Европска унија
По преамбулата на Договорот, текстот е поделен на шест дела.
Наслов 1: Општи одредби:
Првиот дел се занимава со општите одедби. Со член 1 се основа Европската унија врз основа на Европската заедница и ја изложува нејзината правната вредност. Во вториот член се наведува дека ЕУ „е основана врз основа на вредностите на почитување на човечкото достоинство, слобода, демократија, владеење на правото како и почитување на човековите права, вклучувајќи ги и правата на припадниците на малцинствата. “Земјите-членки живеат во „општество во кое преовладува плурализмам, недискриминација, толеранција, правда, солидарност и еднаквост помеѓу мажите и жените“. Член 3 ги наведува целите на ЕУ во шест точки. Во првата точка се промовира мирот, европските вредности како и благосостојбата на граѓаните. Втората точка се однесува на слободното движење со добро развиени надворешни гранични контроли. Третата точка се занимава со внатрешниот пазар. Со четвртата точка се воведува еврото. Во член 5 се наведува дека ЕУ ќе ги промовира своите вредности, ќе придонесе за искоренување на сиромаштвото, ќе ги почитува човековите права како и Повелбата на Обединетите нации. Во последната шеста точка се наведува дека ЕУ ќе ги извршува своите цели преку „соодветни мерки“ според надлежностите дадени во договорите. Член 4 се однесува на суверенитетот на земјите-членки и нивните обврски. Член 5 ги поставува основните принципи на доделување титули, супсидијарност како и пропорционалност во однос на границите на своите овластувања. Член 6 ја поврзува ЕУ со Повелбата за основните човекови права на Европската унија и Европската конвенција за човекови права. Член 7 се занимава со суспензија на земјите-членки додека член 8 се занимава со воспоставување блиски добрососедски односи.
Наслов 2: Одредби за демоктратските принципи
Член 9 ја утврдува еднаквоста на граѓаните и државјаните на Европската унија. Во член 10 се наведува дека ЕУ е основана врз принципите на посредната демократија. Според тоа, одлуките што се носат треба да бидат што е можно поблиски до народот. Тоа упатува на европските политички партии и на тоа како тие ги застапуваат своите граѓани: директно во Парламентот и од страна на нивните влади во Советот и Европскиот совет и притоа даваат отчет до своите национални парламенти. Со член 11 се утврдува транспарентноста на власта каде што се наведува дека потребни се широки консултации, а се воведува и одредба за петиција каде најмалку 1 милион граѓани можат да поднесат претставка до Комисијата кога станува збор за донесување закони по ова прашање. Со член 12 се ограничува вклученоста на националните парламенти во законодавниот процес.
Наслов 3 Одредби за институциите:
Со член 12 се основаат институциите на ЕУ и тоа во следниов редослед и со следниве називи: Европски парламент, Европски совет, Совет на Европската унија, Европска комисија, Суд на правда на Европската унија, Европска централна банка и Суд на ревизори. Според тоа, член 13 ги обврзува институциите да соработуваат едни со други а воедно и ги ограничува нивните надлежности со овластувањата во рамките на договорите. Член 14 се занимава со работата на Парламентот и неговиот избор. Член 15 се занимава со Европскиот совет и неговиот претседател. Член 16 се занимава со Советот на Европската унија и неговото назначување додека член 17 се занимава со Комисијата и нејзиното назначување. Со член 18 се поставува Висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика додека со член 19 се основа Судот на правдата.
Наслов 4 Одредби за подобра соработка:
Наслов 4 се состои од само еден член кој им овозможува на ограничен број земји-членки да соработуваат во рамките на ЕУ доколку други земји ја блокираат интеграцијата на тоа поле.
Наслов 5 Општи одредби за надворешното дејствување на Унијата и посебни одредби за заедничката надворешна и безбедносна политика:
Првото поглавје од овој наслов ги содржи член 21 и член 22. Член 21 се занимава со принципите коишто даваат преглед на надворешната политика на ЕУ, вклучувајќи ја усогласеноста со Повелбата на Обединетите нации, промовирањето на светската трговија, хуманитарната помош како и глобалното владеење. Член 22 му овозможува на Европскиот совет, дејствувајќи едногласно, да го контролира создавањето на надворешната политика на ЕУ. Второто поглавје е дополнително поделено на два дела. Првиот дел, кој ги опфаќа заедничките одредби, дава преглед на насоките и функционирањето на надворешната политика на ЕУ, вклучувајќи го и формирањето на Европската служба за надворешно дејствување како и обврските на земјите-членки. Вториот дел, од член 42 па сè до член 46, се занимава со воена соработка (вклучувајќи ја и заемната одбрана).
Наслов 6 Завршни одредби:
Со член 47, ЕУ добива својство на правно лице. Член 48 се занимава со измени на договорот, а особено со обичните и поедноставените постапки за преглед. Член 49 се занимава со апликациите за членство во ЕУ додека член 50 се занимава со нивно повлекување. Член 51 се занимава со протоколите приложени со договорите додека член 52 се занимава со географската примена на договорот. Во член 53 се наведува дека договорот е во сила на неограничен период. Член 54 се осврнува врз ратификацијата додека член 55 се справува со различните јазични верзии на договорите.
Договор за функционирањето на Европската Унија
Договорот за функционирањето на Европската унија навлегува подлабоко односно во детали поврзани со улогата, политиката и дејствувањето на ЕУ и е поделен на седум делови.
Прв дел: Основни начела:
Во основа, со член 1 се поставува основата на договорот и неговата правна вредност. Членовите од 2 до 6 даваат преглед на надлежностите на ЕУ според степенот на власта доделена во секоја област. Членовите од 7 до 14 ги образложуваат социјалните начела додека членовите 15 и 16 го образложуваат јавниот пристап до документи и средби. Во член 17 се наведува дека ЕУ ќе го почитува статусот на црквите во рамките на националното право.
Втор дел: Недискриминација и државјанство во Унијата:
Вториот дел започнува со член 19 со кој се забранува дискриминација врз основа на националност, во рамките на ограничувањата на договорите. Во член 19 се наведува дека „ЕУ ќе се бори против дискриманација врз основа на пол, раса, етничка припадност, хендикеп, возраст или сексуална ориентација“. Со членовите од 20 до 24 се воведува европско државјанство како и правата коишто произлегуваат од него а тоа се: слободно движење, конзуларна заштита од други земји,право на глас на локални и европски избори, право на молба до Парламентот и Европскиот правобранител како и право да се контактираат но и да се добие повратна информација на својот јазик од институциите на ЕУ. Член 25 ја обврзува Комисијата да поднесува извештај за спроведувањето на овие права секоја трета година.
Трет дел: Политиките на Унијата и нејзиното внатрешно дејствување:
Третиот дел за политиките и дејствувањето на Унијата е поделен на следниве наслови: внатрешен пазар; слободно движење на стока, вклучувајќи ги и царинската унија, земјоделството и риболовот; слободно движење на луѓе, услуги и капитал; област на слобода, правда и безбедност, вклучувајќи ја полицијата и соработката во областа на правосудството; политика на транспорт; конкуренција и усогласување на прописите; економска и монетарна политика, вклучувајќи ги и членовите за еврото; политика за вработување; Европски социјален фонд; образование, стручна обука, политики за млади и спорт; културна политика; јавно здравје; заштита на потрошувачите; транс-европски мрежи, индустриска политика; економска, социјална и територијална кохезија (намалување на разликите во равојот); туризам; заштита на граѓаните; и административна соработка.
Четврти дел: Здружение на прекуокеанските земји и територии:
Четвртиот дел се занимава со здружението на прекуокеанските територии. Член 198 ја поставува целта на здружението за промоција на економскиот и социјалниот развој на здружените територии наведени во анекс 2. Следните членови даваат осврт на формата на здружението како што се царинските давачки и сл.
Петти дел: Надворешно дејствување на Унијата:
Петтиот дел се занимава со надворешната политика на ЕУ. Во член 205 се наведува дека надворешното дејствување мора да биде во согласност со принципите поставени во Поглавје 1 Глава 5 од Договорот за Европската унија. Членовите 206 и 207 ја воведуваат заедничката политика на ЕУ за надворешна трговија. Членовите од 208 до 214 се занимаваат со соработка за развој на хуманитарна помош за земјите од третиот свет. Член 215 се осврнува врз санкциите додека членовите од 216 до 219 се справуваат со постапките за воспоставување меѓународни договори со земјите од третиот свет. Член 220 им дава иснтрукции на Високиот претставник и на Комисијата за вклучување во соодветна соработка со други меѓународни организации додека со член 221 се формираат делегациите на ЕУ. Во член 222, клаузула на солидарноста, се наведува дека земјите-членки коишто се предмет на терористички напад, природна или вештачка катастрофа ќе добијат помош од другите земји-членки, вклучувајќи ја и употребата на воена сила.
Шести дел: Институционални и финансиски одредби:
Шестиот дел ги разработува институционалните одредби во Договорот за Европската унија како и неговата структура. Членовите од 288 до 299 даваат преглед на формите на законските акти како и постапките на ЕУ. Членовите од 300 до 309 гиформираат Економскиот комитет за економски и социјални прашања, Комитетот на региони и Европската инвестициона банка. Членовите од 310 до 325 даваат преглед на буџетот на ЕУ. Последните членови, од 326 до 334, воспоставуваат одредба за зајакната соработка.
Седми дел: Општи и завршни одредби:
Седмиот дел се занимава со завршните законски точки како што се територијална и временска апликација, седиште на институциите (за што одлучуваат земјите-членки, а е усвоено со протокол приложен со договорите), имунитет и влијание врз договорите потпишани пред 1958 година или на датумот на пристапувањето.
Протоколи, анекси и декларации
Постојат 37 протоколи, 2 анекси и 65 декларации коишто се приложени со договорите. Нивната цел е да обработуваат детали коишто честопати се во врска со една земја, чиј текст не е целосно правен.
Протоколи:
1: за улогата на националните парламенти во Европската унија
2: за примената на начелата на супсидијарност и пропорционалност
3: за статутот на Судот на правда на Европската унија
4: за статутот на Европскиот систем на централни банки и Европската централна банка
5: за статутот на Европската инвестициона банка