Христо Белчев Минчев бил политичар од Бугарија од Народнолибералната партија. Како поет го користел псевдонимот Чебел, бил оженет за поетеса Мара Белчева.

Животопис Христо Белчев е роден во 1857 година во Трново. Завршил трновското класно училиште во 1869 година и гимназија во Загреб (1872-1876), каде што објавува песни на хрватски јазик. Студирал околу една година на Универзитетот во Загреб, но ги прекинал студиите и работел како службеник во Севлиево, Трново и Софија (1878-1881), а дипломирал економија во Париз (1881-1884), како стипендист на бугарската влада. Од 1885 до 1890 година е службеник во Министерството за финансии, како главен ревизор и главен секретар. Во 1890 година станува министер за финансии во владата на Стефан Стамболов.

мини|лево|Атентатот на Христо Белчев во присуство на Стефан Стамболов – насловна страна на француското издание „Le petit journal“. Во 1891 година при обид за атентат врз бугарскиот премиерот Стефан Стамболов, Белчев бил убиен во центарот на Софија Ташев, Ташо. Министрите на България 1879-1999. София, АИ „Проф. Марин Дринов“ / Изд. на МО, 1999. На последниот процес на 11 јули се донесени 4 смртни казни. Како потикнувач е осуден Петко Каравелов, кој е затворен во Црната џамија. Друг осуден на процесот е Трајко Китанчев Иван Богаднов: Критика и антикритика: литературни въпроси, Народна просвета, 1967 стр. 221. Вистинските извршители на нападот се Наум Туфекчиев, Димитар Ризов, Крсто Ножаров, Михаил Ставрев (Хаљо) и Никола и Димитар (Денчо) Туфекчиеви Благоев, Крум, „50-те най-големи атентата в българската история“, Убийството на Христо Белчев.

Во 1905 Пенчо Славејков објавува дел од творештвото на Христо Белчев во "Избрани дела" со опширен предговор (препечатено и во "Мисла")БОРИС АНГЕЛОВ ДЕБАТЪТ СЛАВЕЙКОВ - ВАЗОВ ИЛИ ИДЕОЛОГЪТ НА "МИСЪЛ" СРЕЩУ ИДЕОЛОГЪТ НА НАЦИЯТА.

Извори

Категорија:Бугарски политичари Категорија:Апсолвенти на Загрепскиот универзитет