Епистемологијата (грч. ἐπιστήμη (epistēmē), што значи „знаење, наука“, и λόγος (logos), што значи „знаење“) е гранка на филозофијата која се занимава со природата и опсегот (ограничувањата) на знаењето. Ги опфаќа прашањата:
Што е знаењето? Како се добива знаењето? Како го знаеме она што го знаеме?
Голем дел од дебатата за ова поле се фокусира на анализирањето на природата на знаењето и како тоа е поврзано со сродните замисли како вистина, верба и оправдување. Исто така се однесува и на начините за добивање на знаење, како и на скептицизам за различни тврдења за знаење.
Терминот бил воведен од шкотскиот филозоф Џејмс Фредерик Фериер (1808–1864). Голем број од дефинициите во речниците може да дадат впечаток дека епистемологијата е тесно поврзана со критичкото размислување: „истражување или теорија за природата и основите на знаењето, особено со упатување на нејзините граници и валидност“ (Merriam-Webster's Online Dictionary, 11th Edition). Но, делумно затоа што епистемологијата го дефинира познавањето како вистина, за разлика од критичкото размислување, епистемологијата речиси ги игнорира механизмите, темите и методите нагласени во критичкото размислување, како што се тестирањето за специфични пропозиции, логични недоследности, нејаснотии и измама кои се среќаваат во секојдневни услови и решавање проблеми.
Во физиката, концептот на епистемологија е битен во модерната интерпретација на квантната механика и се употребува од многу автори за анализирање на делата на доминантните физичари како што се Вернер Хајзенберг, Макс Борн и Волфганг Паули.
Знаење
Знаење дека, знаење како и знаење преку дознавање
Во овој дел, и во епистемологијата општо, знаењето кое обично се дискутира е пропозициското знаење, исто познато и како „знаење дека“. Ова е различно од „знаење како“ и „знаење преку дознавање“. На пример: во математика, познато е дека 2 + 2 = 4, но постои и знаење како да се соберат два броја и знаење на лице (на пример, еден човек), знаење на место (пр., родниот град на еден човек), на предмет (пр., колите) или на активност (пр., собирање). Некои (иако не сите) филозофи сметаат дека има битна разлика меѓу „знаење дека“, „знаење како“ и „знаење преку дознавање“, при што епистемологијата примарно се интересира за првото.
Бертранд Расел е познат по тоа што правел разлика на „знаење преку опис“ (форма на знаење дека) и „знаење преку дознавање“ во Проблемите на филозофијата. На Гилберт Рајл честопати му се припишува нагласувањето на разликата меѓу знаење како и знаење дека во Концептот на умот. Во Лично знаењ, Михаел Поланји дискутира за епистемолошката релевантност на знаење како и знаење дека; употребува пример со актот на баланс при возењето велосипед, сугерира дека теоретското знаење на физиката кое вклучува одржување на состојба на баланс не може да го замени практичното знаење на тоа како да се вози, и дека е важно да се разбере како обете се утврдени. Оваа позиција во суштина е на Рајл, кој спори дека неуспевањето да се признае разликата меѓу знаењето дека и знаењето како води до суров регрес. Во поново, некои епистемолози (Соса, Греко, Кванвиг, Загзебски) спорат дека епситемиологијата треба да ги издигнува одликите на луѓето (имено, интелектуалните доблести), а не само одликите на пропозициите или пропозиционалните ментални ставови. Една причина тоа што се вели дека повисоките форми на когнитивен успех (имено, разбирањето) вклучува одлики кои не може да бидат проценети од оправдано поглед на знаење на оправдано вистинско верување.
Верување Тврдењата за „верување“ понекогаш значат дека зборувачот предвидува нешто кое би се покажало како корисно или успешно во некоја смисла – можеби зборувачот може да „верува во“ неговиот или нејзиниот омилен фудбалски тим. Ова не е оној вид верување на кое обично се однесува во епистемологијата. Она кое се однесува е кога „се верува во нешто“ значи кога каква било когнитивна содржина се смета за вистинита. На пример, да се верува дека небото е сино е да се мисли дека пропозицијата „Небото е сино“ е вистинита.
Вистина Дали нечие верување е вистинито не е предуслов за верувањето. Од една страна, ако нешто е познато, тогаш категорички не може да биде лажно. На пример, едно лице верува дека некој мост е доволно безбеден да го премине, и се обидува да го премине; за жал, мостот паѓа од тежината, Може да се каже дека верувал дека мостот бил безбеден, но дека неговото верување било погрешно. Не би било прецизно ако се каже дека знаел дека тој мост е безбеден, бидејќи очигледно не бил. За споредба, ако мостот е ја издржал неговата тежина, тогаш можело да биде оправдано ако се вели дека знаел дека мостот е доволно безбеден за да премине, барем во тој даден момент.
Оправдување Во дијалогот на Платон, Театетус, Сократ зема предвид голем број теории за тоа што е знаењето, од кои последната е дека знаењето е вистинско верување на кое „е раскажано“ – што значи е објаснето или дефинирано на некој начин. Според теоријата, тоа знаење е оправдано вистинско верување, за да се знае дека одреден пропозиција е вистинита, не само што човек мора да верува во релевантната вистинита пропозиција, туку мора да има и добра причина за тоа. Една импликација за ова би било тоа дека никој не би имал знаење само преку верување дека нешто што се случило е вистинито. На пример, болен човек без медицинска обука, но со генерално оптимистички став, може да верува дека брзо ќе се опорави од болеста. И покрај тоа, дури и ако ова верување произлезе како вистинито, пациентот не би знаел дека ќе му оди добро бидејќи неговото знаење нема оправдување. Дефиницијата за знаење како оправдано вистинско била широко прифатена сè до 1960-тите. Во тоа време, труд напишан од американскиот филозоф Едмунд Гетиер испровоцирал големо ширење на дискусијата.
Проблемот Гетиер Едмунд Гетиер е познат по неговиот аргумент од 1963 кој во прашање ја ставил теоријата за знаењето која била доминантна меѓу филозофите илјадници години. На неколку страници, Гетиер спорел дека постојат ситуации во кои верувањето може да биде оправдано и вистинито, а сепак да не биде знаење. Гетиер спорел дека иако оправданото верување во вистинска пропозиција е потребно за таа пропозиција да биде знаена, тоа не е доволно. Човек може да верува во вистинска пропозиција, но пак да потпаѓа во категоријата „знаење“. Според Гетиер, постојат одредени околности во кои човек не треба да има знаење, дури и кога сите услови погоре се постигнати. Гетиер предложил два мислени експерименти, кои се познати како „Случаите Гетиер“, како контра-примери за класичната слика на знаењето. Еден од случаите вклучува двајца, Смит и Џоунс, кои чекаат резултати аплицирањето за исто работно место. Секој има десет парички во џебот. Смит има одлични причини да верува дека Џоунс ќе ја добие работата, а покрај тоа, знае дека Џоунс има десет парички во џебот (претходно ги изброил). Од ова Смит заклучува, „човекот што ќе ја добие работата има десет парички во џебот“. Сепак, Смит не е свесен дека и тој има десет парички во џебот. Смит, а не Џоунс, ќе ја добие работата. Иако Смит има цврст доказ да верува дека Џоунс ќе ја добие работата, тој е во грешка. Смит има оправдано вистинско верување дека човек со десет парички во џебот ќе ја добие работата; сепак, според Гетиер, Смит не знае дека човек се десет парички во џебот ќе ја добие работата, бидејќи верувањето на СМит е“... вистинско според бројот на паричките во џебот на Џоунс, додека Смит не знае колку парички има во својот џеб, и го базира своето верување... на бројот на паричките во џебот на Џоунс за кого погрешно верува дека човекот кој ќе ја добие работата“. Овие случаи не се знаење бидејќи е оправдано верувањето на субјектот, но се вистинити по шанса на среќа. Со други зборови, го направил вистинскиот избор (во овој случај го предвидел исходот) од погрешни причини.
Реакции кон Гетиер Реакциите кон Гетиер се различни. Обично вклучуваат значителни обиди за нудење на дефиниција на знаење различна од класичната, било преку именување на знаењето како оправдано вистинито верување со одреден дополнителен четврти услов, или како нешто друго заедно.
Непогрешливост, непоништливост Во една реакција кон Гетиер, американскиот филозоф Ричард Киркам споредл дека единствената дефиниција за знаење која може да биде имуна на сите контра-примери е онаа за непогрешливоста. За нешто да се оквалификува како знаење се применува теоријата, верување мора не само да биде вистинито и оправдано, оправдувањето на верувањето мора да ја принудува вистинитоста. Со други зборови, оправдувањето за верување мора да биде непогрешливо. Друг можен кандидат за четвртиот услов на знаење е непоништливоста. Теоријата на поништливост тврди дека не треба да има натфрлачка или поразувачка вистина од причините со кои се оправдува нечие верување. На пример, да речеме дека лицето С верува дека го видело како Том Грабит украл книга од библиотеката. Можна поразувачка или натфрлачка пропозиција за такво тврдење може да биде вистинита пропозиција, како, „Близнакот на Том Грабит е моментално во истиот град во кој е Том“. Кога нема ништо поразувачко за оправдувањето, субјектот би бил епстемолошки оправдан. Индискиот филозоф Б. К. Матилал извлекол традиција од Навја-Нјаја погрешливоста како одговор за проблемот на Гетиер. Теоријата Нјаја прави разлика меѓу знаење на п и знаење дека некој знае п – ова се различни настани, со различни каузални услови. Второто ниво е некаков вид на имплицитен заклучок кој обично следи веднаш по епизодата на знаење на п (знаење simpliciter). Случајот Гетиер е анализиран преку вадење заклучок за поглед на Гангеша (13. век), кој смета дека секое вистинито верување е знаење simpliciter според овој поглед. Прашањето за оправдување се појавува само на второто ниво, кога човек го смета знаењето на стекнато верување. Првично, постои недостиг од несигурност, па затоа станува вистинско верување. Но во следниот момент, кога слушателот треба да преземе потфат на дознавање дали знае п, може да се појават сомнежи. „Ако, во некои слични случаи на тој на Гетиер, сум во грешка со мојот заклучок за знаењето на дадена окурентно верување (бидејќи доказите може да бидат псевдо-докази), тогаш сум во грешка за вистината на моето верување – а тоа е во согласност со Нјаја погрешливоста: не може да бидат оддржливи сите тврдења за знаење“.
Доверливост Доверливоста е теорија која предлага едно верување да е оправдано (или поддржано на таков начин што се вбројува кон знаење) само ако е продуцирано преку процеси кои типично даваат доволен висок сооднос на вистина за лажни верувања. Со други зборови, оваа теорија вели дека едно вистинито верување се брои како знаење само е продуцирано од доверлив процес на оформување верување. Доверливоста е предизвикувана со случаите Гетиер. Друг аргумент кој ја предизвикува, како случаите Гетиер (иако не е претставен во истиот краток напис како случаите Гетиер), е случајот на Хенри и амбарите. Во експериментот, еден човек, Хенри, вози и гледа голем број згради кои личат на амбари. Тој видел како изгледа амбар и перцепцијата на која го базира своето верување е таа за вистински амбар, сите други градби што ги видел дека се слични на амбар биле само слични. Теоретски, Хенри не знае дека видел амбар, и покрај обете верувања дека видел амбар кој е вистински и она кое се формира на основа на доверлив процес (неговата визија), бидејќи своето вистинито верување го добил случајно.
Други реакции Американскиот филозоф Роберт Нозик ја има понудено следнава дефиниција за знаење: С знае дека П ако и само ако: - П; - С верува дека П; - ако П е лажен, С не би верувал дека П; - ако П е вистинит, С не би верувал дека П.