Александар Хаџи Панов, познат и како Алексо Панов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис мини|лево|200п|Даме Груев, Григор Попев и Александар Хаџи Панов во арнаутска облека на пат за Охрид Александар Хаџи Панов е роден 1875 година во Прилеп, тогаш во Отоманското Царство. Учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во Солун во 1894 година, каде што станува еден од првите членови на Организацијата ВМОРО през погледа на нейните основатели“, Военно Издателство, София, 2003 г., стр.20.
По завршувањето на гимназијата, работел како учител во Прилеп и учествувал во создавањето на револуционерниот комитет на Организацијата во градот заедно со Даме Груев, Јордан Гавазов и Јордан Поп Константинов. Го придружува Даме Груев при основањето на револуционерните комитети при Битолскиот револуционерен округ и учествува на Ресенско советување.
Раководи со комитетот сè до 1895 година, кога запишува електроинженерство во Париз, но се разболел и се врати во Солун, каде што умрел на 19 октомври 1900 година Николов, Борис Й. Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 177..
Наводи
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Деветта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија