„Diva“ е песна од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс. Песната е напишана и продуцирана од Ноулс, Шондрае „Бангладеш“ Крафорд и Син Гарет за нејзиниот трет студиски албум I Am... Sasha Fierce (2008). Бил издаден како трет сингл од албумот во САД заедно со третиот интернационален сингл „Halo“. „Diva“ е Р&Б песна, поставена во хип-хоп ритам и содржи појачано темпо. Текстот на песната носи порака за независност и женско подобрување. Песната содржи такт и бас линија слични на друга продукција која претходно ја направиле Бангладеш наречена, „A Milli“ од американскиот хип-хоп артист Лил Вејн. Критичарите ја нарекле песната „женски придружник“.
Синглот добил позитивни критики од музичкити критичари, а некои ја критикувале поврзаноста на песната со „A Milli“. Песната била успешна во САД, искачувајќи се на деветнаесеттото место на Билборд Хот 100, на првото место на табелата Хот Денс Клуб Плеј и на третото место на Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни. Песната добила златна сертификација од Снимачката Индустриска Асоцијација на Америка (RIAA). Иако била само официјално издадена во САД, песната се појавила на табелите во Австралија, Ирска, Холандија, Нов Зеланд и Обединетото Кралство. Музичкото видео, режирано од Мелина Матсукас, ја покажува Ноулс и позадински танчери во магазин и има слична кореографија на нејзиниот претходен сингл „Single Ladies (Put a Ring on It)“. Ноулс исто така се појавува во различни Тиери Муглер модни парчиња. Иако не ја изведувала на никое телевизиско појавување, песната била дел од сет-списокот на турнејата I Am... Tour.
Позадина и издавање Според интервју кое композиторот на „Diva“, Бангладеш го имал со Rap-Up, песната оригинално требло да биде ставена во неговата микс касета. Тој исто така планирал да избере женски артист кој ќе пее за песната. Сепак, тој одлучил песната да ѝ ја даде на американската Р&Б пејачка Кејшија Кол. Кол која го сакала само ритамот на „Diva“, но не и целата песна, одбила да ја сними. Подоцна таа се одличила да ја испее песната, но во меѓувреме и Ноулс ја сакала песната за нејзиниот албум. Бангладеш одлучил да ѝ ја даде песната на Ноулс, а за Кејшија Кол продуцирал друга песна. Еден месец по издавањето на I Am... Sasha Fierce (2008), било изјавендо дека американската Р&Б пејачка Кјара, која работела на нејзиниот трет студиски албум, Fantasy Ride, направила ремикс на „Diva“. Ремиксот требалко да се најде на нејзината микс касета Fantasy Ride Mixtape.
„Ego“ требало да биде вториот урбан сингл во САД, а како трет целокупен сингл од I Am... Sasha Fierce, заедно со третиот светски сингл „Halo“. Сепак, издавањето на „Ego“ било одложено и песната „Diva“ била издадена на урбаните радија додека „Halo“ била испратена до мејнстрим радијата на 20 јануари 2009.Top 40 – Week Of: January 20, 2009 Radio and Records. Retrieved 2010-12-09. Истиот датум, „Diva“ била испратена само до ритмичките радија.Rhythmic – Week Of: January 20, 2009 Radio and Records. Retrieved 2010-12-09. „Ego“ подоцна била издадена како трет урбан сингл и целокупен петти сингл во САД на 19 мај 2009. Дополнително, во Германија, „Diva“ била Б-страна на синглот „Halo“.
Композиција
„Diva“ е Р&Б песна компонирана во забрзано хип-хоп темпо, во тоналитет од E-дур.
Табели и сертификации
Табела (2009)НајвисокапозицијаАвстралија (ARIA Urban)12
Годишни табели Табела (2009)ПозицијаАвстралија50САД Билборд Хот 10082САД Хот Р&Б/Хип Хоп Песни22САД Радио Песни75САД Хот Денс Клуб Плеј Песни24
Сертификации Држави Сертификација САД (RIAA)Злато
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Бијонсе Ноулс
Категорија:Песни од 2008 Категорија:Синглови од 2009 Категорија:Песни од Бијонсе Ноулс Категорија:Американски хип-хоп песни