мини|десно|300п|Скопскиот Вилает во 1900 година Косовски Вилает (турски: Kosova Vilayeti), од 1888 година познат како Скопски Вилает — посебна административно-управна единица во рамките на Османлиското Царство со седиште во Приштина, егзистирал во периодот меѓу 1877 – 1912 година. Во септември 1888 година седиштето на вилаетот од Приштина било преселено во Скопје и од таа година е познат како Скопски Вилает Salname-i vilayeti Kosovo, ikinci defa, H. 1300 (1882/1883)Islam Ansiklopedisi, 65 cwz, Istanbul, 1954Die Provinzen des Osmanischen Reiches von Andreas Birken, Wiesbaden, 1976.
Административана поделба Во првите години влегуваат санџаците: Приштина, Скопје, Призрен, Нови Пазар и Дебар.
Повремено станувале промени во однос на санџаците, така што кон крајот на 19 век и почетокот на XX век се состоел од санџаците: Скопје, Приштина, Сеница, Пеќ, Ташлиџа (Приеполе) и Призрен. Поголем дел од Североисточна Македонија со казите: Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Велес, Кочани, Штип, Радовиш, Пехчево, со повремени промени, биле дел од вилаетот.
Велешката Каза првично била под Солунскиот Вилает, но потоа казата била приклучена на Косовскиот Вилает.
Валии Кон крајот на 20 век паша на Косовскиот Вилает бил Афуз-паша.
Извори
Категорија:Вилаети во Отоманското Царство Категорија:Географија на Турција Категорија:Отоманска Албанија Категорија:Отоманска Македонија Категорија:Вилаети на Отоманското Царство во Европа Категорија:Отоманска Србија Категорија:Држави и територии распаднати во 1913 година