На 16 јули 2009 г. Исланд поднесе барање за членство во Европската Унија. На 27 јули 2009 г. Европскиот совет го прифати поднесеното барање и го испрати до Комисијата за таа да ја анализира подготвеноста на Исланд за преговорите. Во февруари 2010 г. Комисијата објави дека го поддржува отворањето на пристапните преговори со Исланд. Владата на Исланд има краен датум за приклучување кон блокот до 2012 г. Ова ќе биде предмет на референдум во Ирска. На 17 јуни 2010 г. ЕУ и гарантираше кандидатски статус на Исланд, одобрувајќи го формално отворањето на преговорите за членство. На 27 јули 2010 г. започнаа преговорите. Како дел од Европската економска област Исланд е веќе членка на единствениот пазар на ЕУ. Исто така е членка на Шенген зоната во која што нема гранични контроли помеѓу земјите-членки.
Историски развој
Соработка
Од 1970 г. Исланд е членка на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕСТА) заедно со Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн. Во 1972 г. Исланд склучи билатерален Договор за слободна трговија со Европските заедници. Во 1994 г. Исланд и нејзините партнери од ЕСТА, со исклучок на Швајцарија, која што го одби Договорот на референдум, го потпишаа Договорот за Европската економска област (ЕЕО) со ЕУ, којшто им овозможи на земјите од ЕСТА да учествуваат на единствениот европски пазар без да бидат приклучени кон ЕУ. Конечно, од 2001 г. Исланд е членка на безграничната Шенген зона.
Исланд исто така учествува и во многу програми на ЕУ (како што е програмата Еразмус) и неколку илјади исланѓани патуваат, студираат или учат во ЕУ. Голем дел од странците во Исланд исто така доаѓаат од ЕУ. Исто така, Исланд често се води од надворешната политика на ЕУ.
Мислењето пред 2008 г.
Од 1995 г. до 2007 г. владината коалиција на конзервативната Независна Партија (Sjálfstæðisflokkurinn) и либералната Прогресивна Партија (Framsóknarflokkurinn) се спротивставија на приклучувањето кон ЕУ, додека опозицискиот Социјалдемократски сојуз (Samfylkingin) ги поддржа преговорите за членство.
Поранешниот премиер Халдор Асгримсон на 8 февруари 2006 г. предвиде дека државата ќе се приклучи кон ЕУ до 2015 г. Тој додаде дека одлучувачки фактор ќе биде иднината и големината на еврозоната, а особено дали Данска, Шведска и Обединетото Кралство ќе го имаат прифатено еврото или не. Неговото предвидување наиде на критики, но барем не беа упатени од луѓето од неговата сопствена Влада.
Уште еден поранешен министер Геир Хаарде Х. неколкупати има изјавено дека е против членството во ЕУ, и како министер за надворешни работи за време на владеењето на Халдор Асгримсон, и по преземањето на функцијата премиер. Како одговор на претходното предвидување на Халдор Асгримсон, Хаарде рече: ”Не се согласувам со тоа мислење. Нашата политика е да не се приклучиме кон ЕУ во блиска иднина. Ние дури и не го разгледуваме членството.” На 31 март 2006 г. во говор на конференција во Универзитетот во Исланд Геир Хаарде го повтори она што го имаше кажано во неколку наврати дека Исланд нема посебен интерес којшто бара членство во ЕУ. Во истиот говор тој понатаму објасни во детали зошто нема да биде од интерес на Исланд да го усвои Еврото.
По изборите во 2007 г. Независна Пртија и Социјалдемократскиот сојуз формираа нова коалиција со политика да не се поднесува барање за членство, туку да се создаде посебен комитет кој ќе го надгледува развојот во ЕУ и ќе преглага начини за да се реагира на тоа.
Поради ограничената валута на Ирска, владата ја разгледа можноста за усвојување на еврото без пристапување кон Унијата. Сепак, ЕУ вели дека Исланд не може да и се приклучи на Економскиот и монетарен сојуз (ЕМУ) без да стане земја-членка на ЕУ (сите други земји коишто не се членки на ЕУ можат да го користат еврото затоа што тие претходно употребувале валута на земја-членка која што била заменета со еврото.)
Ефектите од финансиската криза во 2008 г.
Поврзано: 2008–2009 Icelandic financial crisis
На 17 мај 2008 г. на состанок со членовите на неговата партија Геир Хаарде рече дека трошоците за приклучување кон ЕУ, според него, ги надминуваат придобивките и затоа тој не е за членство во ЕУ. Сепак, во октомври 2008 г. за време на разговорите за враќање на дел од странските инвестицииски пензииски фондови на Исланд, претходно тешко погодена од финанскиската криза во септември 2008 г. синдикатите побараа Исланд да поднесе барање за членство во ЕУ како надоместок за ограничување на плати.
На 30 октомври 2008 г. министерот за образование Поргеур Катрин Гунарсдотир рече дека Исланд мора да ги определи своите долгорочни национални интереси, а дел од нив е и ревизијата на валутниот режим, вклучувајќи можно барање за членство и дека за поднесувањето на барање за членство не треба да се дискутира неколку месеци, туку неколку недели.
Две недели подоцна, на 17 ноември 2008 г. Независна Партија најави дека конгресот на партијата ќе се одржи во јануари 2009 г. наместо есента 2009 г. за да се преиспита можноста за поднесување на барање за членство во ЕУ. Прогресивната Партија исто така најави дека ќе го одржи својот партиски конгрес во јануари, откако двајца членови на Парламентот коишто беа против влез во ЕУ (вклучувајќи го и водачот на партијата) поднесоа оставка и беа заменети за двајца членови коишто позитивно размисуваат околу поднесувањето на барање за членство.
На својот конгрес, Прогресивната Партија прифати да го поддржи барањето за членство во ЕУ, но со многу строги услови, од кои еден е барање за целосна власт на Исланд над своите рибни полиња и други национални ресурси. Кога владата, на чело со Независна партија, се распушти во јануари партијата одлучи да го одложи својот конгрес до март. На конгресот на крајот се одлучи дека нема да има промени во противењето за членството во ЕУ, но исто така тврдеше дека доколку прашањето е отворено од страна на други, и барањето за членство и првичниот договор за приспатување со ЕУ треба да бидат ставени на референдум.
Избори во 2009 г. и парламентарна дебата
Министерот за финансии на Исланд Стеингримур Сигфусон пред почетокот на првите избори на државата, бидејќи пропадна банкарскиот систем во 2008 год, изјави дека: “Секоја одлука во врска со тоа дали Исланд да се приклучи кон Европската Унија или да ја присвои единствената валута мора да е одлука на народот, а не на една политичка партија.” затоа што прашањето за членство во ЕУ беше најголема закана за стабилна коалиција.
По изборите во 2009 година, коишто се одржаа по финансиската криза во Исланд, Прогресивната партија го смени својот став и го поддржуваше членството во ЕУ, но Независна партија повика на референдум пред почетокот на преговорите. Клучно прашање во кампањата на Социјалдемократскиот сојуз беше приклучувањето кон ЕУ.
Во 2009 г. по победата на Социјалдемократскиот сојуз којшто е за членство во ЕУ, премиерката Јохана Сигугардотир зборуваше за тоа дека веднаш треба да се поднесе барање за членство во Европската Унија и дека треба да се присвои еврото во рок од четири години како начин за справување со долгот на државата.
Кон крајот на април 2009 г. беше најавено дека Обединетото Кралство, земја-членка на Европската Унија со која што Исланд има долга историја околу риболовот и територијалните спорови, ја поддржа Исланд во врска со пристапувањето кон ЕУ.
На почетокот на мај 2009 г. беше обелоденето пред јавноста прашањето за поднесување барање за членство во ЕУ најверојатно ќе биде оставено да го реши парламентот, затоа што Социјадемократскиот сојуз, Прогресивната партија и Движењето на граѓаните имаат доволно гласа за да го одобрат поднесувањето на барање за членство. Сепак,водачот на Прогресивната партија Сигмундур Давиѓ Гунлаусон жестоко се противеше на предлогот дека неговата партија ќе и помогне на владата во решавањето на ова прашање. Коалициониот партнер лево ориентираната партија Зелена партија, која што е против членство во ЕУ, прифати дека на пролет 2010 г. министерот за надорешни работи ќе го претстави на парламентот предлог-законот за преговори со ЕУ.
На 10 мај 2009 г. премиерката Јохана Сигугардотир соопшти дека владата има намера да се движи побргу кон членството, отколку што се очекуваше. Таа најави дека на 15 мај 2009 г. во парламентот ќе биде претставен предлог-закон, одобрувајќи го почетокот на пристапните преговори со ЕУ. Таа исто така изјави дека таа е сигурна дека предлог-законот ќе се усвои и дека таа веќе има обезбедено парламентарно мнозинство за ова прашање и покрај официјалната опозиција, во разговор со еден од нејзините коалициони партнери. Таа рече дека очекува официјалното барање за членство да биде доставено најкасно до јули 2009 г. Се чинеше дека Исланд е на пат да влезе во ЕУ заедно со Хрватска во 2011 г. како што беше предвидено од комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен. Владата изјави дека откако ќе се спогодат околу договорот за пристапување прашањето ќе биде ставено на гласачко ливче.
На 25 мај 2009 г. во парламентот официјално беше претставен предлогот за барањето што треба да се поднесе. Гласањето требаше да се одржи на 13 јули, но беше одложено за 16 јули. Како прво, предлогот на Независна партија да се одржи референдум во врска со поднесување на барањето за членство не се изгласа (32 против и 30 за одржување на референдум со еден воздржан). Потоа предлогот на Социјалдемократскиот сојуз за веднаш да се поднесе барање за членство беше одобрен со тесно мнозинство од 33 гласа за, наспроти 28 против, со двајца воздржани.
Ставот на политичките партии во врска со поднесување на барањето за членство во ЕУ.
Групација Партија Став Главен аргумент,наведен на мрежните места на партиите Влада Социјалдемократски сојуз “Зелената партија” движењето на левицата Да Не "Ние сакаме да поднесиме барање за членство во ЕУ и да започнеме со преговори. Ние бараме државна согласност и гледаме на државниот реферндум како највисок суд." "Членството во ЕУ ќе ја намали независноста на Исланд многу повеќе отколку што ја намали Договорот за ЕЕО и ќе ја намали контролата на Исланд над своите ресурси." Опозиција Независна партија
Прогресивна партија Движењето Не Не "Независната партија најнапред го истакнува јасното барање дека поднесувањето на барање на Исланд за членство во ЕУ ќе биде повлечено без одлошување." "Прогресивната партија верува дека интересот на земјата и нацијата се најбезбедни надвор од ЕУ.” Немаат свои членови во парламентот Движењето на граѓаните Либерална партија Не Во јануари 2009 г. беше формиран ставот за ЕУ врз основа на анкета меѓу членовите на партијата.
Барање за членство
За да се стане член, една држава мора првен да поднесе барање и потоа да биде призната како земја кандидат. За да се случи ова државата мора да ги задоволи првичните критериуми на Копенхаген: мора да биде политички стабилна демократија која што ги почитува човековите права. Потоа започнуваат преговорите коишто земаат предвид дали државата ги исполнува економските критериуми, до кој степен државата го усвоила законодавството на ЕУ и дали таму треба да има некои исклучоци.
Еврокомесарот за проширување Оли Рен има изјавено дека преговорите околу договорот за пристапување ќе траат помалку од една година, затоа што Исланд веќе има усвоено две третини од законодавство на ЕУ во однос на ЕЕО. Во друга пригода тој тврдеше дека преговорите може да траат и до четири години.
На 30 јануари 2009 г. Рен искоментира дека Исланд би можела да влезе во Европската Унија точно во 2011 г. во исто време со Хрватска, велејќи дека Исланд е една стара демократија, но исто така дека не треба да добие посебен третман. Ограничувањето во риболовот и ловот на китови би можеле да бидат најтешките проблеми во тие преговори.
На 16 јули 2009 г. ”Althing” гласаа во корист на разговорите за пристапување со ЕУ (со 33 гласа, 28 против и 2 воздржани). Шефот на парламентарната комисија за европски прашања Арни Тор Сигурдсон, има изјавено дека Исланд нема да биде подготвена да се приклучи кон ЕУ порано од 2013 г. Сепак, владата изјави дека планира да ги заврши преговорите до крајот на 2010 г.