Нануманга или Нанумага е остров во Тувалу и еден од окрузите на државата. Нануманга има вкупна површина од 3 км2 и вкупно население од 589 жители според пописот од 2002.
Географија На островот има три лагуни, од кои најголема е Ваијатоа и има четири островчиња. На островот има мангровски шуми и сува вегетација. Околу островот има корален гребен што го отежнува сообраќајот и риболовот.
’Ртови На север се наоѓа ’ртот Те Каупапа, додека на југ се наоѓа ’ртот Те Папа.
Села На островот се наоѓаат две села: Тонга со население од 308 жители и Токелау со население од 281 жител. Основното училиште е вика Лотохони.
Поврзано Тувалу Острови во Тувалу
*