Македонците во Бугарија, или како Пиринци или Бугарски Македонци — староседелско„Земљопис Србије и Турске за основне српске школе“ Београд, 1872, стр. 35. население кое претежно живее во Пиринска Македонија, во југозападниот дел на денешната Република Бугарија.

Во определени периоди постоело и иселување од политички и економски причини, од другите делови на македонската регија. Иселувањето се одвивало во неколку поголеми бранови: средниот век, во ренесансата, по ослободувањето на Бугарија од турската власт, по Илинденското востание, по Балканските војни и Првата светска војна. Македонската емиграција во Бугарија e најголема македонска емиграција во светот, со огромен интелектуален потенцијал и големо културно наследство.„Заборавената емиграција се враќа дома“ , Глобус, брoj 81, 4 ноември 2008.

Статистички податоци Според државната статистика на Република Бугарија на последниот одржан попис во 2011 година, како Македонци се изјасниле 1.654 жители на Бугарија (0,02%), а на пописот од 2001 имало 5.071 Македонци. Но, според Красимир Канев, претседател на Бугарскиот Хелсиншки комитет, во 1998 година нивниот број бил неколкупати поголем. Во извештајот, Канев наведува бројка од 15.000-25.000 етнички Македонци во Република Бугарија.Центар за документација и информации за малцинствата во Европа - Југоисточна Европа (ЦДИМЕ-ЈИЕ) - Македонци во Бугарија Невозможно е да се каже колкав е точниот број, особено поради фактот што различни извори даваат спротивставени податоци. Сепак, сите се согласуваат дека голем број (над два милиони, вклучувајќи и од мешани бракови) од граѓаните на Република Бугарија се потомци на доселеници од Македонија, кои како емигранти или бегалци својот дом го нашле во Бугарија.

Според официјалнот став на Бугарската држава поимот Македонци означува жители на одреден регион во државата и Македонците се дел од бугарскиот народ. Политички, Македонци се само граѓаните на Република Македонија кои живеат во Бугарија (вклучително и Албанците од Македонија) е службен став на бугарската држава.Драган Ташковски, Од пирзнања до заникања, Цанкарјева заложба, 1971 Љубљана

Според Стојко Стојков, еден од водачите на ОМО Илинден - Пирин, во Бугарија живеат од 5.000 до 10.000 луѓе кои се декларираат како Македонци, но претходно нивниот број бил до 187.000 души....The problem according to Stoykov, originates from that fact that there are between 5,000 and 10,000 Macedonians, while their number had even reached 187,000 during some periods of the history of Bulgaria... види: Focus Information Agrncy - EFA and OMO Ilinden Pirin at a Press Conference in Brussels, Bulgarian National Radio, 29 ноември 2006. Со оглед на одбивањето да се регистира ОМО Илинден - Пирин останува да се претпоставува дека оваа бројка е блиска до вистинската, а можеби и поголема.

Попис 1881 Во 1881 година, Кнежеството Бугарија за првпат спроведува попис на нејзината територија (во рамките на границите утврдени од тој период, без Источна Румелија), каде во графата „родени во Тракија и Македонија“ се забележани 31,786 граѓани. Најголем дел од овие граѓани живееле во окрузите Варна (8.5% или 9,000), Ќустендил (3.3% од населението на округот, односно 4,793) и Софија (3.2%, односно 5,008 граѓани). Во прилог, преглед на полова распределеност на луѓето со потекло од Македонија и Тракија, по окрузи: +ОкругМажиЖениВкупно% од округотБерковица2551393940.7%Варна5987301390008.5%Видин6772859620.9%Враца2031133160.5%Ески Џумаја1701433130.4%Ќустендил2744201947933.3%Ловеч66345911221.3%Лом-Паланка204692730.6%Орханије179892680.5%Плевен1565119627612.7%Провадија0000Разград2671564230.3%Рахово2952595540.8%Русе99023812280.9%Свиштов3321194511.1%Севлијево2801204000.4%Силистра106152815891.6%Софија3454155450083.2%Трн110241340.2%Трново6453009450.4%Шумен5952578520.8%Вкупно2070611080317861.35%

Попис 1885 Овој попис се однесува на територијата Источна Румелија. Тука се запишувало население кое е родено во Турција (тогаш, целиот регион Македонија бил под Турција, каде по претходни статистики дури 95% од населението кое мигрирално кон Бугарија било од Македонија, а останатите проценти од одринско). На овој попис се забележани 19,750 граѓани кои се родиле во Турција. По окрузи и пол, распределбата била следната: ОкругМажиЖениВкупно% од округотПловдив2430132637561.66%Т. Пазар85241812700.96%Хасково1282200732892.13%Стара Загора129982021191.09%Сливен150392524281.55%Бургас4027286168886.16%Вкупно113938357197502.02%

Попис 1888 На овој попис, се водат и Кнежеството Бугарија и Источна Румелија како една целина. Во делот на место на раѓање „Турција“, заведени се 54,462 граѓани. Распределбата по окрузи и пол е следната: ОкругМажиЖениВкупно% од округотБургас4161786170256.4%Варна6083343695194.6%Видин6181187360.6%Враца167462130.2%Ќустендил3967322072874.5%Ловеч4623197810.7%Лом5772067830.7%Пловдив2264133035911.6%Плевен80151313441.5%Разград90672116271.3%Рахово134411750.2%Русе115835715151%Свиштов4181535710.6%Севлијево114451890.2%Силистра7482289760.9%Сливен2078150535832.2%Софија3779151952982.9%Стара Загора114566618110.9%Т.-Пазарџик99760616031.2%Трн135291640.2%Трново5913219150.44%Хасково1332118725192%Шумен131691822341.2%Вкупно3398420478544621.7%

Попис 1893 На овој попис 66,971 граѓани имале потекло од Турција. Распределбата по окрузи била следната: ОкругРодени во Турција%Бургас92887.99%Варна105534.9%Видин8290.68%Враца4270.28%Ќустендил69684.17%Ловеч8450.67%Лом8300.72%Пловдив55752.39%Плевен14141.42%Разград17841.38%Русе17461.07%Свиштов6260.66%Севлијево2740.29%Силистра8600.77%Сливен44992.64%Софија91363.78%Стара Загора27281.27%Т.-Пазар22191.60%Трн1960.25%Трново10430.47%Хасково36292.9%Шумен15020.8%

Попис 1900 На овој попис во рамките на Кнежевството Бугарија, биле евидентирани 33,447 мажи и 17,899 жени родени во Македонија и Одринско, односно вкупно 51,346 граѓани. Вкупно од Македонија и одринско пристигнале 63,388 луѓе (Турци, Грци и други). Во округот Бургас имало 9,660 луѓе родени во Македонја или одринско, Варна 7,216, Ќустендил 6,600, Пловдив 4,278, во Русе 1,900, додека во Софија имало околу 10,000.

Попис 1910 Под графата „Родени во Македонија и Одринско“ се забележани 38,710 мажи и 22,611 жени, односно вкупно 61,321 граѓанин со македонско потекло.

Попис 1920 По поделбата на Македонија, ова претставувал првиот официјален попис на Бугарија, каде е вметнат пиринскиот дел на Македонија. На овој попис има појава и на нови графи, кои се фокусирани кон бегалците од соседните земји во Бугарија. На селднава табела може да се видат сите периоди кога дошле бегалците од Македонија кон Бугарија и од кои предели и во колкав број: +ПределБегалциГодина на пристигнување во Бугарија1912191319141915–19171918–19191920НепознатоЕгејска Македонија5052013257514315943Воденско210562145Валовишко170301094Драмско235335520Ениџевардарско235335520Костурско10312591610392Кукушко5411160101511Леринско2401003470Серско938338183185Солунско14253425385314Други околии50201110Вардарска Македонија469441141291058571Битолско119312229232821Кумановско110201611Охридско590259151513Скопско2916111424Струмичко40001021Тетовско130001831Тиквешко207016084295028Штипско2703631041Вкупно од Македонија9742417371180148244114 Освен тоа, на овој попис има и 135,827 Македонци коишто живееле во Пиринска Македонија.

Попис 1926 Попис направен по размената на население помеѓу Грција и Бугарија. Тука има појава на нови десетици илјади Македонци од Егејскиот дел на Македонија во Бугарија. Во прилог сите окрузи во Бугарија со население родено во Егејска Македонија, Вардарска Македонија или Албанија: +ОкругМакедонско население родум од:% од вкупно населениеЕгејска МакедонијаВардарска МакедонијаАлбанијаВкупно Бургас8816842196592.2%Варна3352198835581.5%Видин2711152114240.5%Враца58127338570.2%Ќустендил7253034437631.5%Мустанли57125508260.4%Пашмакли2435202950.4%Петрич21003227072328012.5%Пловдив15754226620180403.2%Плевен13321041023730.5%Русе21377729920.3%Софија107551426864250873.9%Стара Загора1285402116880.5%Трново572774213480.3%Хасково1983309422960.9%Шумен41439528110.2%Вкупно6787028308119962971.8%

Попис 1934 Во рамките на овој попис биле регистрирани 63,263 граѓани родум од Егејска Македонија, 27,628 граѓани родум од Вардарска Македонија и 405 од Албанија. Бројот на Македонци од Пиринска Македонија бил 183,892.

лево|мини|300x300пкс|Протест на македонците во Софија, 1939 година

Пописи во Пиринска Македонија

лево|мини|299x299пкс|Карта на Македонците во Пиринска Македонија (1946 г.) Попис од 1946 година мини|203x203пкс|Мапа од Германски историчар за населбата на Балканот во 1920тите, во мапата е прикажано како Пиринска Македонија е претежно населено со Македонци. Во декември 1946 во Народна Република Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението. Од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија 160.541 лица, односно 70% се изјасниле како етнички Македонци.Полтон, Хју. (1995). Who Are the Macedonians? :107-108, (Лондон: C. Hurst & Co.Ltd.).Прибчевич, Стојан (1982). Macedonia: Its People and History (Јуниверзити Парк: Pennsylvania State University Press).

Бугарската држава до денес се обидува да најде објаснувања за тоа дека овој попис бил направен под присила или по грешка, но покрај тој попис остануваат работи кои до денес се необјанети. Вистина, доколку станува збор за присила, кој можел да присили раководители на една суверена држава да го направат тоа. Второ останува неодговорено прашањето дали под вакви услови биле пренесени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија. Некои од одговорите кои современа Бугарија се обидува да си ги даде во врска со ова се дадени во овде.

Познавајќи ја негаторската политика на официјална Софија,Проблемот на Македонците во Бугарија пред светската јавност ; ISSN 0542-206X. - 38, 456 (април 1991), стр. 16. многу историчари ги имаат изнесено фактите за вистината на Македонците во Бугарија,Стеван Тинтоски, Македонците во Бугарија; Студентски збор, 1987; 167 стр.; 20 см - Скопје; 323.15(=866:497.2)"1944/80" кои Бугарија вешто се обидува да ги изманипулира.Христо Андоновски - Skripta manent : кога во Бугарија ја кажуваа вистината за Македонија и Македонците; Македонија. - ISSN 0542-206X. бр. 544 (1998), стр. 10-11. Најнов бисер е „присилниот попис од 1946 година“.Меморандум на Обединетата македонска организација "Илинден" : глас на Македонците во Бугарија - ISSN 0542-206X, бр. 533-534 (септември-октомври 1997), стр. 16-17

Попис од 1956 година

мини|299x299px|Попис во Пиринска Македонија, 1956 година|лево На пописот на населението во 1956 во Пиринска Македонија, властите фаворизирале бугарска самоопределба на населението при што вршеле присиок врз Македонците да се попишат како Бугари. Целта на БКП била да ја „исправат грешката“ од последниот попис кој што го сметала како нереален, каде што мнозинство од населението било запишано како Македонци. Сепак, и покрај притисоците, од вкупно 281.015 жители, како Македонци се изјасниле 178.862, или 63% од целокупното пиринско население. БКП, која очекувала „исправување“ од претходниот попис кој што го сметала како нереален, била изненадена од резултатот. Во 2010 бугарскиот историчар Чавдар Маринов за прв пат објавува архивски документи каде што се заклучува дека вкупната бројка од 187,789 Македонци на пописот претставуваат резултат од слободно самоидентификување. Денес, Бугарија не ги прифаќа резултатите од тие пописи, со аргументи дека биле спроведувани на недемократски начин во услови на сталинизам и репресии.Бејтс, Даниел. 1994. „What’s in a Name: Minorities, Identity and Politics in Bulgaria,” Identities, прво издание, број 2, мај 1994.Крид, Џералд В. (1992). „The Ethnic Situation in Bulgaria,” Princeton Project of Ethnic Relations, Researches 1992, (Софија: Club-90 Publishing House — на бугарски и англиски). ОколииСанданскаПетричкаБлагоевградскаРазлошкаГоцеделчевскаВкупноМакедонци89,49%82,64%52,18%45,18%45,77%63,64%Бугари7,51%15,15%45,08%39,05%49,45%33,33%други3,00%2,16%2,71%11,92%4,77%3,03%