Петар Мартулков (Велес, 12 мај 1875 — Софија, 1947) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. Брат на велешкиот социјалист Алексо Мартулков.

Животопис Петар Мартулков е роден на 12 мај 1875 година во Велес, тогаш во Отоманското Царство. Негов роднина е деецот на ВМРО (Обединета) и БКП Александар Мартулков. Во 1897 година завршил математика и физика на Софискиот универзитет, по што предава во Битолската егзархиска гимназија заедно со Даме Груев и Михаил Герџиков.Силянов, Христо, „Освободителнитѣ борби на Македония, I“, стр.110

Мартулков активно учествувал во Битолскиот и Одринскиот револуционерен округ. Во 1900 година пристигнал во Одринско и бил избран за член на Одринскиот окружен револуционерен комитет, но откако бил разоткриен во 1901 година се преселил во Бугарија. Во 1902 година завршил школата за резервни офицери и го добил чинот подпоручник.

Петар Мартулков учествувал во Балканските војни и Првата светска војна. По војните бил главен инспектор по математика и физика во Министерството за просвета и е автор на многу учебници по математика и физика за средните бугарски училишта.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 100.Биография от сайта на ВМРО Умрел во Бугарија во 1947 година.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Бугарски офицери од Македонија Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Носители на орденот „За воена заслуга“ (Бугарија) Категорија:Починати во Софија Категорија:Мартулкови Категорија:Починати во 1947 година Категорија:Десетта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија Категорија:Учители во Битолската машка гимназија Категорија:Членови на Македонскиот научен институт