Григорие Хаџи Ташков (иќ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот клуб од Белград, главен уредник на весникот Автономна Македонија се залагал за автономна македонска држава во рамките на една балканска федерација. Еден од водачите на македонското автономистичкото движење во Србија, публицист и книжевник. Соученик и пријател на Крсте Мисирков. Бегалец од Воден во Белград и од Белград во Софија и обратно. Студент во Белград и Париз. Воспитувач и учител, а подоцна и директор на српски гимназии во Македонија (Солун, Скопје, Битола). Заедно со Георги Герџиковиќ бил обновувач на Македонскиот клуб во Белград Подоцна соавтор на Воденската декларација (јули 1918) и автор на крфската Промеморија (во две верзии, 1. и 19. IX 1918) за културно-националниот ентитет и идниот рамноправен конститутивен автономен статус на Македонија во југословенската држава Љубен Лапе, Една промеморија од 1918 г. на професорот Григорие Хаџи Ташковиќ, Прилози, ООН МАНУ, Х, 1, Скопје, 1979, 5-37;Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација, II, Скопје, 1983, 73–144..

Национални погледи

Хаџи Ташковиќ бил српски воспитаник. Тоа значи дека се школувал во српско училиште, но, судејќи според неговата револуциона, но и публицистичка и весникарска дејност, тој никогаш не ја прифатил србоманската идеологија и преку целиот свој живот си останал Македонец, „најчистокрвен автономист“, како што Христо Силјанов го нарекува во II том од својата книга „Ослободителните борби на Македонија":

Извори

Категорија:Дејци на Македонскиот клуб Категорија:Македонски борци Категорија:Починати во 1942 година Категорија:Македонци во Србија