Павел Христов, познат и по псевдонимите СавелШифровано писмо на Павел Христов до Христо Узунов, НБКМ-БИА, Ф. 583, а. е. 64, л. 180, 185, Семкин, П. Лукарчев и П. ЕзеровПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 91Николов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893 – 1934, Звезди, 1999, стр.75, 84, 86 и АристотелАнгел и Христо Узунови: Псевдонимите на ВМРО, Државен архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 38 (, Цапари - , , Бугарија) — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
Ран живот и образование Павле Христов е роден 1874 година, во битолското село Цапари. Завршил гимназија во Лом во 1894 година и се вратил во Македонија како учител. Учителствувал во Прилеп, Кичево, Костур и Битола.
Учителска дејност и влез во револуционерното движење Во 1895 година влегол во редовите на Внатрешната организација и брзо напредувал во нејзината хиерархија. Станал раководител на Костурската револуционерна околија (1898 - 1901), а му помагале му Кузо Стефов, Лазар Младенов и Михаил Николов. Во 1901 година, тој бил уапсен од отоманските власти и поминал 3 години во горичкиот затвор.
По Илинденското востание во 1903 година бил избран за раководител на Битолскиот револуционерен округ. На Рилскиот конгрес во 1905 година е делегат од Битолскиот округ, а на Ќустендилскиот конгрес во 1908 година е избран за член на Централниот комитет. По Младотурската револуција бил училиштен инспектор во Битола.Колектив, Значајни личности за Битола, НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битола, 2007, стр. 246-247
Во периодот 1910 - 1911 година бил задграничен претставник на ВМРО во СофијаГоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 15. и го помагал обидот за обнова на Битолскиот револуционерен округ.
Балканските војни мини|десно|Павел Христов (најлево) со Леко Џорлев, Марко Иванов и Костадин Џеков во 1912 г.Во Балканските војни, Павле Христов бил доброволец во Македонско-одринското ополчение. Првично бил во четата на Панајот Каранфилов, а потоа ја предводел чета бр. 23, составена од 13 лица, која дејствувала во Битолско како поддршка на српските војници. Заедно со Крсте Маликов и над 400 четници, ја прекинал на неколку места железничката линија меѓу Лерин и Кременица и предизвикал паника во тилот на турската војска кај Битола.Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 23.
Во Втората балканска војна бил во зборната партизанска чета при ополчението. Во септември 1913 година Христов бил еден од главните организатори и раководители на Охридско-дебарското востание. На 12 септември 1913 година неговата чета заедно со четата на Петар Чаулев влегле свечено во Охрид. Павле Христов влегол во привременото раководното тело. По задушувањето на востанието, Христов се повлекол во Албанија, каде се поврзал со албанските револуционери за нова соработка.
Последни години и смрт За време на Првата светска војна, Павле Христов заедно со Петар Чаулев бил на чело на голема организациска чета, која дејствувала во тилот на српската армија и влегол во Крушево три дена пред доаѓањето на бугарската војска. Помеѓу 1915 - 1918, кога Вардарска Македонија била во рамките на Бугарија, тој бил окружен финансиски раководител, а подоцна и окружен управник на Битола.Николов, Борис Й. Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 180.
По војната, Христов бил во редовите на левицата и влегол во Привременото претставништво на поранешната ВМОРО. Во 1921 година заминал за Албанија, како претставник на Македонската федеративна организација, и заедно со Александар Протогеров склучил договор со албанските револуционери, на чело со Хасан Приштина, за заедничката борба против српската власт во Вардарска Македонија и Косово. Според договорот, Албанија требала да го добие Косово и Новопазарскиот санџак, Македонија да стане независна држава уредена како федерација, а за Дебарскиот Санџак било одлучено да се спроведе референдум.
Павле Христов умрел на 6 јуни 1922 г. во Софија од туберкулоза.Енциклопедия България, том 7, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“, София, 1996. Според Милан Матов, пред тој да почине, Тодор Александров испратил теорористи да го убијат, но тие, кога виделе дека е на смртна постела, го оставиле на мира.Милан Матов „Комитата раскажува“, Скопје, 2002, 243 стр.
Наводи
Категорија:Родени во 1874 година Категорија:Починати во 1922 година Категорија:Луѓе од Цапари Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Отомански затвореници и притвореници Категорија:Затвореници и притвореници во Отоманското Царство Категорија:Дејци на Привременото претставништво на поранешната Внатрешна организација