мини|Рунолист на планината Канистфлух, Австрија мини|десно|Рунолистот како симбол на планинската пешадија на Австроунгарија и подоцна Германија мини|десно|Ботаничка илустрација Рунолист (планински рунолист или планинка; ) — ретко европско планинско цвеќе од семејството на штитоцветните (Asteraceae).

Називи Јужнословенскиот назив „рунолист“ доаѓа од волнестиот изглед на листовите, како руно на овца.„рунолист“ — Дигитален речник на македонскиот јазик

Научниот назив Leontopodium е латинизација на грчкиот збор леонтоподион () = „лавја шепа“., ,

На романски, растението се нарекува floarea reginei, што значи „краличин цвет“. Персискиот назив му е голејах, што значи „леден цвет“.

Опис Листовите и цветовите се прекриени со бели влакненца со волнест изглед. Стаблата растат 3–20 см во висина (а во услови на одгледување и до 40 см). Секој цвет се состои од 5-6 мали жолти главчиња (5 мм) окружени со прицветни ливчиња во ѕвездест состав. Растението цвета помеѓу јули и септември.

Распространетост Растението има нерамномерна распределба и претпочита карпести варовници на надморска височина од 2000 до 2900 м. Традиционално се користело како народен лек за болести во стомакот и дишните патишта. Густите влакна го штитат растението од студот, сувотијата и ултравиолетово зрачење.

Заштита Поради неговата реткост, рунолистот е заштитен во многу земји, вклучувајќи ги Монголија, Бугарија, Хрватска, Швајцарија (од 1878), Франција, Норвешка, Иран, Индија, Италија, Србија, Малезија, Индонезија, Германија, Шпанија, Полска, Словачка и Словенија (во Горица и Градишка од 1896, а во Краина од 1898), Австрија (од 1886) и Романија (од 1933).

Одгледување Рунолистот се одгледува во градини заради неговото интересно соцветие и сребрени листови. Растенијата се краткотрајни, но можат да се ‘ртат од семиња.

Употреба како симбол На австриските монети од 2 евроценти. Како симбол на Бугарскиот туристички сојуз Како симбол на Националната туристичка организација на Швајцарија На романските банкноти од 50 леи. На друштвото „Рунолист“ (Edelweiss) Австриското пиво „Еделвајс“ (Edelweiß) Млечно чоколадо „Рунолист“ — поранешен производ на „Краш“ Како неофицијално државно цвеќе на Швајцарија. Како логотип на разни планинарски друштва како Германското планинарско здружение (Deutscher Alpenverein) и Австриското планинарско здружение (Österreichischer Alpenverein). Edelweiss Air - меѓународен швајцарски авиопревозник наречен по растението. Цветот е истакнат и како лого на компанијата. Како симбол на австроунгарските планински единици (1907), со указ од царот Франц Јосиф I. Го носеле три одреда. За време на Првата светска војна (1915) рунолистот им бил доделен на планинските единици во Германија како награда за храброст. Денес сè уште стои на униформите на австриските, полските и германските планински единици. Како значка на германската антифашистичка младинска организација „Пирати на рунолистот“ (Edelweisspiraten) за време на Третиот Рајх. Рунолистот бил симбол на Вермахтот и планинската пешадија „Горски стрелци“ (Gebirgsjäger) на Војската-СС (Waffen-SS) како метална значка на левата страна на капата, на појасот на друга капа и како пришивка на десниот ракав на униформата. Симболот и понатаму го носат денешните планински единици во Германија. Германската воздухопловна единица од Втората светска војна „51-ва Борбена ескадрила“ (Kampfgeschwader 51) се нарекувала и ескадрила „Рунолист“. Како обележје на чин, швајцарските генерали имаат пришиено рунолистови наместо ѕвезди. На пример, Korpskommandant (генерал-полковник во други земји) носи три значки со рунолист на јаката наместо три ѕвезди.

Поврзано Алпи

Наводи

Надворешни врски

Здружение на канадските одгледувачи на рунолист

Категорија:Рунолистови Категорија:Билки Категорија:Планински растенија Категорија:Флора на Алпите Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Европа