Постојаните катници или молари се најголемите заби во устата и истовремено се најмногу постериорно сместени и служат за џвакањеКатник, Дигитален речник на македонскиот јазик. Името им потекнува од латинскиот збор molaris, што значи “камен за мелење“. Тие не се супституенти, затоа што се појавуваат зад млечните заби и од нив ја преземааат доминантната улога во формирањето на оклузални односи на хуманата дентиција. Обично има дванаест постојани катници, по три во секој квадрант, а се означаваат како прв, втор и трет постојан катник. Заедно со преткатниците, тие ја сочинуваат групата на странични заби (латински: dentes posteriores s. transcanini).
Класификација на катниците
прв горен катник – dens molaris primus superior (dexter et sinister); втор горен катник - dens molaris secundus superior (dexter et sinister); трет горен катник (умник) - dens molaris tercius superior s. sapientiae (dexter et sinister); прв долен катник – dens molaris primus inferior (dexter et sinister); втор долен катник - dens molaris secundus inferior (dexter et sinister); трет долен катник (умник) - dens molaris tercius inferior s. sapientiae (dexter et sinister).
Класата катници се формира временски дисконтинуирано. Имено, првиот катник никнува околу шестата година од животот, вториот околу дванаесеттата, а третиот околу осумнаесеттата година или воопшто не никнува. Тоа значи дека е потребно повеќе од дванаесет години за да се комплетира постојаната дентиција.
Пространата оклузална површина, силната коренска поддршка и односот кон виличниот зглоб, ја прават класата на катниците идеално погодна за функцијата на мелење на храната. Тие имаат и естетска и фонетска улога, а исто така ја придржуваат и вертикалната димензија на лицето и структурите на темпоромандибуларниот зглоб.
Атрибути на класата мини|десно|230п|Постојани заби, поглед од десната страна Постоја четири карактеристични одлики според кои класата на катниците се разликува од другите заби: најголема оклузална површина во забните лакови, присуство на поголем број чворчиња (3-5) во внатрешното оклузално поле, присуство на најмалку две букални чворчиња, присуство на две или три коренски гранки, со специфична ориентација и распоред.
Горни катници Круните на горните катници се пократки оклузо-цервикално во однос на останатите заби, но се поголеми во сите останати димензии.
Контурите на надворешното оклузално поле обично се со ромбоиден облик, а основна одлика на внатрешното оклузално поле е присуството на три поголеми и едно помало чворче. Главни чворчиња се: мезиобукалните, дистобукалните и мезиопалатиналните, и тие се уредени во трикуспално-триангуларна форма. Последните две обично се поврзани со кос гребен (латински: crista obliqua), а преостанатото дистопалатинално чворче секогаш е најмало и понекогаш е сосема отсутно.
Горните катници имаат три корени, два букални и еден палатинален. Први горен катник е најголем и покажува најмал опсег на варијации.
Долни катници мини|десно|230п|Постојани заби на десната половина од долниот забен лак, поглед одозгора Слично на горните, долните катници се најголеми и најсилни заби на мандибуларниот забен лак. Првиот долен молар претставува „сидро“ на долниот забен лак од аспект на оклузијата.
Атрибути на забниот лак Со споредување на горните и долните катници, се забележуваат следните разлики: круните на долните катници повеќе се шират мезио-дистално отколку буко-орално, а кај горните катници слчујаот е обратен, големината, распоредот и бројот на чворчињата се различни, кај долните катници контурата на внатрашното оклузално поле е со правоаголен или петоаголен облик, а кај горните катници има облик на ромб, долните катници имаат две, а горните три коренски гранки, долните катници покажуваат лингвално искосување на круната и сл.
Значај Најголемиот притисок при џвакањето е во пределот на катниците, што ја одредува нивната масивност, бројот и распоредот на чворчињата, како и бројот и распоредот на корењата. На тој начин е обезбедена добра механичка обработка на храната во устата и олеснето варење во останатите делови на дигестивниот тракт.
Посебно е важно да се нагласи дека „шестката“ е првиот постојан заб што израснува во човековата уста, а со оглед на возраста на детето и честата неинформираност на родителите (кои обично мислат дека во прашање е млечен заб), тој станува сосема запоставен. Со негово губење доаѓа до многу нарушувања во функцијата на џвакањето, нарушување на меѓувиличните односи, како и промена на положбата на околните заби.
Поврзано
Топографско-анатомска обележја на забите Посебни морфолошки одлики на забите Забна номенклатура Кариес
Наводи
Категорија:Заби Категорија:Стоматологија