Водици — археолошко наоѓалиште во кичевското село Брждани. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 300 метри западно од селото, на блага падина во непосредната близина на изворот. На простор од 30 × 50 м се забележуваат расфрлени камени плочи, а на неколку места гробни конструкции од камени плочи. Во еден од диво прекопаните гробови е најдена леана бронзена обетка, од типот „гроздовидни“ обетки, од X-XII век. На едниот крај на теренот се гледаат остатоци од ѕидови на црква. Наодите се чуваат во Музејот во Кичево.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Богородичина Краста — тврдина од доцноантичкото време; Селиште — доцноантичка населба со топилница и некропола; Водици — доцниантичка населба; Брждани; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Брждани