мини|Евхаристија. Фреска од XIV век во црквата „Св. Ѓорѓи“, Старо Нагоричане.

Светата Евхаристија (грчки: Θεία Ευχαριστία, Κοινωνία), причесна или причест — во христијанската црква се вика Тајна на Тајните или Тајна на Црквата, кој која сѐ води, и од која сѐ произлегува. Таа е срце на црковниот живот, извор и цел на сите црковни учења и установи, и без неа христијанството е незамисливо. Светите Отци на раната црква ја сметале за најважен и основен дел на црковнотото собрание, затоа што таа давала значење и смисла на сите богослужби. Во потесна смисла, во црквата ја означува благодарствената молитва пред осветувањето на лебот и виното во текот на литургијата.

Поголемиот број од христијанските деноминации веруваат дека Христовото тело и крв реално присуствуваат во причествувањето. Некои протестантски цркви ова го толкуваат само како симболика.

Симболика

Евхаристијата во црквата се разбира како вистинското тело и крв на Исус Христос. Според традицијата, тоа било создадено уште во времето на Тајната вечера (Матеј 26:26-28), (Лука 22:19), каде пишува:

Според Библијата, оваа заповед, и оваа света тајна апостолите и првите христијани ја вршеле редовно.

Наводи

Категорија:Свети тајни Категорија:Методизам Категорија:Христијанска теологија Категорија:Зборови и изрази од Новиот завет Категорија:Христијански поими Категорија:Богослужба Категорија:Грцизми