Пачакамак е археолошко наоѓалиште во Перу, кој се наоѓа околу 40 километри југоисточно од Лима во долината на реката Лурин. Наоѓалиштето е всушност комплекс на храм на сонцето и останати зданија кои биле подигнати во периодот од 800 до 1450 година, односно до инвазијата на Тавантинсују.
Во наоѓалиштето има неколку неископани пирамиди и археолозите посочуваат дека има најмалку 17 пирамиди во комплексот и добар дел од нив се уништени од врменската непогода позната како Ел Нињо. Покрај пирамидите, во близина има и гробишта и фрески во боја кои прикажуваат риби и овие се од периодот пред Инките. Вариската култура исто така во периодот од 600 до 800 година придонела при изградбата на градот. Вариските елементи се гледаат во градбите, керамиката и текстилот. По падот на Вариската култура, Пачакамак продолжил да опстојува како религиозен центар, кога биле изградени денешните зачувани зданија.
Пачакамак и околината биле организирани во политичката структура која се нарекува Ичма и оваа опстојувала до подемот на Тавантинсују. Пачакамак бил религиозен центар каде претежно се славел богот Пача Камак. По подемот на Тавантинсују, градот и малата држава биле приклучени кон Империјата на Инките.
Наводи Mcleish, K. (1996) Myths and Legends of the World, The Complete Companion to all Traditions, Blitz, United Kingdom.
Надворешни врски
Сателитски поглед кон Пачакамак Музеј Пачакамак Слики за Пачакамак Посети го Пачакамак Пачакамак за време на Тавантинсују Археолошки проект Пачакамак Панорами на Пачакамак
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Перу Категорија:Градови во Царството на Инките,