Голдовиот код (Голдова низа) е вид на бинарна низа што се користи во телекомуникациите (CDMA)Џорџ, М., Хамид, М. и Милер А. и сателитска навигација (GPS).GPS - објаснение (Сигнали) Голдовите кодови се именувани во чест на американскиот научник Роберт Голд.Д-р Роберт Голд Имаат ограничени мали накрсни корелации во рамките на едно множество, што е од голема корист кога повеќе уреди емитуваат во ист опсег. Множеството на овие низи се состои од низи, секоја со период од .

Множеството на Голдови низи се создава по следнава постапка. Се земаат две максималнодолжински низи (М-низи, МДН) со иста должина , така што нивната апсолутна накрасна корелација е помала или еднаква на , каде е големината на линискиот поместувачки регистар (ЛПМ) што се користи за создавање на максималнодолжинската низа Gold '67. Множеството на исклучителни дисјункции од двете низи во нивните различни фази (т.е. преведени во сите релативни положби) е множеството од Голдови кодови. Највисоката апсолутна накрсна корелација во ова множество кодови е за парни и за непарни .

Исклучителната дискункција на два Голдови кода од едно исто множество дава друг Голдов код Gold во некој фаза.

Во рамките на едно множество Голдови кодови, околу половината се урамнотежени — бројот на единици и нули се разликува само за еден.Holmes, стр. 100

Поврзано Касамиев код Комплементарни низи

Наводи

Gold, R. (1967), Optimal binary sequences for spread spectrum multiplexing (Corresp.), IEEE Transactions on Information Theory, 13 (4), стр. 619–621. Holmes, J.K. (2007), Spread Spectrum Systems for GNSS and Wireless Communications, Artech House, Norwood, ISBN 978-1-59693-083-4.

Категорија:Линиско физичко кодирање

de:Linear rückgekoppeltes Schieberegister#Gold-Folgen