Димитар Николов Делчев, познат како Мицо Делчев ( во — во ) — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис лево|мини|250п|Димитар Делев, Стефан Мандалов и непознат комита.десно|мини|Споменикот "Паднати за слободата на Македонија" во Ќустендил со името на Делчев (30-и во втората колона). Димитар Делчев е роден 1879 година во Кукуш, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Се родил како втор син на Никола Делчев и Султана Делчева, а негови браќа се Гоце, Милан и Христо Делчев. Димитар Делчев, основно обрзование завршил во родниот град, а потоа учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, каде што се приклучил во Организацијата, учествувал во неколку терористички акции, а исто така и во бунтот на учениците против самоволието на директорот и на некои професори од егзархиската гимназија. Поради тоа бил исклучен од неа во 1896 година. Во Дупница, каде што го продолжил образованието, во домот на Никола Малешевски, кај кого престојувал, се запознал со повеќе членови на ВМРО и комити. Летото 1900 година се вклучил во четата на Христо Чернопеев и бил еден од најмладите комити во неа. На 4 февруари 1901 загинува во првата поголема борба, која ја имала четата против турскиот аскер кај селото Бајалци, Гевгелиско.Кьосев, Дино. „Гоце Делчев, Писма и други материали“, БАН, София, 1967.Енциклопедия България, том 2, Издателство на БАН, София, 1981.
Кога на Гоце Делчев му соопштиле за смртта на Мице, тој само запрашал: „Се држеше ли херојски брати ми?“ Бил горд од одговорот за храброста на брат му Димитар (Мицо) Делчев.
Поврзано
Никола Делчев Султана Делчева Гоце Делчев Милан Делчев Христо Делчев Руша Чопова Лика Чопова
Наводи
Книжевност
Јован Павловски - Огнено семејство - Спомени на Лика Чопова, Скопје, 1978. Д-р Симо Младеновски - Револуционерката Руша Делчева (1868-1945), Скопје, 1983.
Категорија:Делчеви