Свети Петар и Павле — црква во селото Варош, непоссредно до Прилеп. Се смета дека е изградена некаде околу 14 век.Нејзината градба е најмногу споредувана со црквата Св.Никола. Таа е еднокорабна градба со полуобличест свод. Дел од старата црква кој бил срушен е обновен. Денешниот изглед и местополжба на храмот е од функционален карактер , со тоа што се наоѓа во источниот дел од населбата Варош, односно на патот кој води до останатите цркви. Во внатрешнота живописноста е делумно зачувана во неколку композиции. Црквата претставува регистриран споменик на културата. thumb|220px|лево|Поглед кон целиот објект

Местоположба Црквата се наоѓа во источниот дел на населбата Варош во Прилеп.Црква „Св. Петар и Павле“ во Варош на семрежното место на ОлдПрилеп

Историја Не се сочувани никакви историски податоци, ниту натписи за времето кога е подигната и живописана.

Архитектура Црквата е градена со скромни димензии и има облик на еднокорабна градба со нагласена височина. Апсидата е полукружна однадвор и оди до висината на корнизот од самата црква. По својата архитектурна концепција и изразеност, има тежнеење на поголема полихромираност на фасадите.

Градена е од камен и цигла. Во ѕидовите на црквата вградени се антички споменици и керамички украси. На црквата се изведени преправки, кои најдобро се забележуваат на јужниот ѕид, кој во поголем дел е реставриран и на сводот. Внатрешноста на црквата украсена е со фрески во четири зони. Сочувани се остатоци на фрески на западниот и северниот ѕид. Од композициите подобро се сочувани: „Патот на Голгота“, „Христовото оплакување“ на северниот и „Успението Богородично“ на западниот ѕид.

Во поглед на уметнички квалитет, фреските заостануваат зад изведбите кои може да се видат во прочуените споменици од 14 век. Според методот на композиција, цртежите и боењето, фрескоживописот може да се каже дека потекнува од XIV век.[ https://whereismacedonia.org/saints-peter-and-paul-in-varosh-prilep/ Saints Peter and Paul in Varosh Prilep] на семрежното место на WhereisMacedonia

Наводи

Категорија:Варош Варош