thumb|Тркало од раното железно доба, Национален музеј на Иран Тркало или коло — тркалезен предмет, односно предмет во облик на диск, кој е најважниот дел од повеќето средства за лесен пренос и превоз, поради малото триење при движењето.

Постар збор што се користел е коло, па оттаму потекнува зборот кола, како транспортно средство.

Механика мини|350п|лево|Борна кола со мазги, Сумерска цивилизација, околу 2600 г. п.н.е. Тркалото е споено со осовина на еден од двата начини: или осовината е неподвижна, а тркалото се врти или и осовината и тркалото се цврсто споени и заедно се вртат, а неподвижен е делот на возилото.

Како и да е, постои место каде што се спојуваат делот што се врти со неподвижниот дел. Тој дел се вика лежиште. Во тој дел се случува триењето и се создава силата на отпорот.

Историја на тркалото Пронаоѓањето на тркалото се смета за едно од најважните достигнувања во развојот на човековата цивилизација. Многу истражувачи тврдат дека се појавило во 5. милениум п.н.е. и дека е поврзан со откривањето на грнчарското тркало, односно грнчарското колце.

Тркалото како тема во уметноста и во популарната култура „Тркало што се врти“ (англиски: Spinning Wheel) — песна на американската џез-рок група Blood, Sweat and Tears од 1968 година.DISCOGS, Blood, Sweat And Tears – Blood, Sweat And Tears (пристапено на 22.3.2022) „Медицинско тркало“ (англиски: Medicine Wheel) — песна на британската рок-група Килинг џоук (Killing Joke) од 1996 година.Discogs, Killing Joke ‎– Democracy (пристапено на 20.5.2020) „Огнени тркала“ (англиски: Wheels Of Fire) — албум на британската рок-група Крим (Cream) од 1968 година.Discogs, Cream (2) ‎– Wheels Of Fire (пристапено на 29.1.2019) „Химна за големото тркало“ (англиски: Hymn Of The Big Wheel) — песна на британската група Масив Атак (Massive Attack) од 1991 година.Discogs, Massive Attack ‎– Blue Lines (пристапено на 11.1.2021) „Тркало“ (англиски: The Wheel) — албум на британската рок-музичарка ПJ Харви (PJ Harvey).YouTube, PJ Harvey - The Wheel (пристапено на 23.12.2019) „Тркала“ (англиски: Wheels) — песна на американската кантри-група The Flying Burrito Bros од 1969 година.DISCOGS, The Flying Burrito Bros ‎– The Gilded Palace Of Sin (пристапено на 21.2.2020)

Наводи

Категорија:Вртење