Росула или Еѓупски Куќишта — археолошко наоѓалиште во кичевското село Дворци. Претставува доцноантичка населба. Се наоѓа на источната страна од селото, каде се протега низок рид кој завршува до Голема Река. На врвот од ридот, на кој имало лозја и зафаќа површина од 200 × 100 м, се среќаваат многу фрагменти од покривни ќерамиди, а наместа и фрагменти од керамички садови и питоси.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Дворци; Список на археолошки наоѓалишта во Крушевско;

Наводи