Кале — археолошко наоѓалиште во крушевското село Алданци. Претставува населба од хеленистичкото време. На највисокиот дел од наоѓалиштето, по површината се среќаваат грамади од кршен камен и варов малтер, а поретко фрагменти од керамички садови. Поголема концентрација на подвижни наоди има на јужниот дел. Најдени се и бронзени монети од градот Пела. Наодите се чуваат во Заводот и Музеј во Прилеп.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9
Поврзано Разбојна Дупка — хеленистичка гробница; Градиште — римска населба; Алданци; Список на археолошки наоѓалишта во Крушевско;
Наводи
Категорија:Алданци