thumb|300px|Ubuntu

Оперативниот систем (кој обично се скратува како OС или O/С) е посредник од програми помеѓу хардверот и корисникот; ОС е одговорен за управувањето и координирањето на активностите и за делењето на ресурсите на компјутерот. Оперативниот систем работи како хост за апликациите за пресметки кои се извршуваат на машината. Како хост, една од целите на оперативниот систем е да ракува со деталите на операцијата на хардверот. Ова им олеснува на апликациските програми да не мораат да управуваат со овие детали и го прави полесно самото пишување на апликациите. Скоро сите уреди ( вклучувајќи ги и преносливите компјутери, desktop компјутерите, суперкомпјутерите, video game конзолите, таблетите, медија центар компјутерите и мобилните телефони) како и некои работи, домашните апарати (машините за перење, машините за миење на садови), па дури и портабилните медиа играчи користат оперативен систем од некој тип. Некои од старите модели може да користат вграден оперативен систем, кој може да биде содржан на компактниот диск или на друг уред за зачувување на податоци.

Оперативните системи нудат голем број на сервиси за апликациските програми и корисници. Апликациите им пристапуваат на овие сервиси преку апликацискиот програмски посредник (API) или преку системски повици. Со повикување на овие интерфејси, апликацијата може да побара сервис од оперативниот систем, да ги помине параметрите и да ги прими резултатите од операцијата. На личните сметачи секоја година најмногу се користат различни верзии на Microsoft Windows (Windows 95, Windows 98, Windows ME (Millennium), Windows NT (New Technology), Windows 2000, Windows XP (Experience), Windows Server 2003, Windows Vista и Windows 2008, Windows 7). Корисниците исто така можат да имаат интеракција со оперативниот систем преку некој вид на софтверски кориснички посредник (UI) како пишување на команди со користење на command line посредникот (CLI) или користење на графички кориснички посредник (GUI). На големите повеќе кориснички системи, како Unix и системите слични на Unix, корисничкиот посредник генерално е имплементиран како апликациска програма која се извршува надвор од оперативниот систем. Macintosh компјутерите користат различни верзии на Mac OS X.

Повеќето од современите фамилии на оперативни системи вклучуваат BSD, Darwin (Mac OS X), Linux, SunOS (Solaris/OpenSolaris), и Windows NT (XP/Vista/7). Додека опслужувачите генерално извршуваат Unix и Unix- like оперативен систем, пазарите на вградените системи се поделени помеѓу неколку оперативни системи.

Историја

На почетокот

Во раните 60-ти год. комерцијалните комјутерски трговци набавиле доволно пространи алатки за насочување на развојот, распоредување и за извршување на работи на пакетно ориентираните обработувачки системи. Примерите беа произведени од страна на UNIVAC од HKho и Control Data Corporation, меѓу друѓите.

Оперативните системи во почетокот се развивале на мејнфрејми (големи сметачи), а подоцна оригиналните оперативни системи за микрокомпјутерите, во исто време можеле да поддржат само една програма, барајќи само еден основен распоредувач. Секоја програма била под комплетна контрола на машината додека таа се извршувала.

Во 1969-70, UNIX прво се појавил на PDP-7, а подоцна на PDP-11. Наскоро тој станал способен да произведува делење на времето низ платформата со користење на preemptive multitasking, напредно управување на меморијата, заштита на меморијата, и хост од другите напредни одлики. UNIX наскоро добил популарност како оперативен систем за мејнфрејми и миникомпјутери.

MS-DOS обезбедуваат многу оперативни системи со одлики, како диск пристап. Меѓутоа, многу DOS програми го заобиколуваат целосно и директно се извршуваат на хардверот. IBM верзијата, PC DOS, се извршува на IBM микрокомпјутерите, вклучувајќи ги IBM PC и IBM PC XT и MS-DOS дошле во распространета употреба ма клонови на овие машини.

Компјутерите компатибилни со IBM PC исто така можат да го извршат Microsoft Xenix, оперативен систем сличен на UNIX од раните 1980-ти. Xenix бил тешко продаван од Microsoft како повеќекорисничка алтернатива во неговиот единствен кориснички MS-DOS оперативен систем. Обработувачите на овие лични сметачи не можат да ја олеснат заштитата на меморијата на јадрото или да овозможат дуален режим на операција, така што Xenix би се потпирал на кооперативна повеќезадачност и би немал заштитена меморија.

IBM PC AT заснован на 80286 беше првиот IBM компатибилен личен сметач способен да користи режим на дуална операција, произведувајќи заштита на меморијата. Меѓутоа, присвојувањето на овие одлики од страна на софтверските трговци задоцнило поради многубројните грешки во нивната имплементација на 286 и биле единствено широко прифатени со пуштањето во употреба на Intel 80386.

Класичниот Mac OS и Microsoft Windows 1.0-3.11 поддржувале само кооперативна повеќезадачност (Windows 95, 98, & ME поддржувале preemptive multitasking само кога се извршуваат 32-битни апликации, а наследените 16-битни апликации извршувајќи ги со употреба на кооперативен multitasking), и биле многу ограничени во нивните способности за да можат да земат предности во заштитената меморија. Апликациските програми кои се извршуваат на овие оперативни системи мора да го добијат обработувачккото време од страна распоредувачот, кога тие не го користеле, или под default, или преку повик на некоја функција.

Јадрото на основниот оперативен систем на Windows NT кое било дизајнирано од истиот тим како и VMS на Digital Equipment Corporation, UNIX-like оперативен систем кој произведува заштитен режим на работа за сите кориснички програми, заштита на меморијата на јадрото, поддршка на виртуелните податотечни системи, preemptive multitasking.

Класичниот AmigaOS и верзиите на Microsoft Windows од Windows 1.0 до Windows Me немале соодветна трага до ресурсите кои биле алоцирани од страна на процесите за време на извршувањето. Ако процесот морал да заврши, ресурсите може да не биле ослободени од новите програми сè додека машината не се рестартирала. Amiga OС имал preemptive multitasking.

Мејнфрејми

Во текот на 60те, многу главни карактерисики во полето на оперативните системи беа претставени. Развојот на IBM System/360 продуцираше цела фамилија на мејнфрејми (mainframe) компјутери достапни во различни капацитети и различни цени, за кои потребен беше единствен оперативен систем ОС/360. Овој концепт на единствен оперативен систем разви цела производна лента, што беше клучно за успехот на System/360 и всушност денешните mainframe оперативни системи се далечни предци на овој оригинален систем; апликациите напишани за ОС/360 можат и денес да бидат извршувани на модерните машини.

 ОС/360 исто така претставија и голем број на концепти кои, во некои случаи, сѐ уште не се виден надвор од mainframe аrena. На пример, во OС/360, кога се стартува програма, оперативниот систем ги прати сите компјутерски ресурси кои се користат вклучувајќи ги и меморијата за зачувување податоци, дадотеки со податоци, клучеви итн. Кога процесот е прекинат од било која причина, сите овие ресурси се вратени назад од оперативниот систем. Алтернативен CP-67 систем започна нова линија на оперативни системи фокусирани на концептот на виртуелни машини.

Control Data Corporation го разви SCOPE оперативниот систем во 60те за пакетна обработка. Во соработка со Универзитетот од Минесота, KRONOS а подоцна и  NOS оперативните системи беа развиени во текот на 70те, кои поддржуваа симултано и сериска употреба и употреба на поделба на времето. Како многу комерцијални системи со поделба на времето, неговиот посредник беше продолжување на Dartmouth BASIC оперативниот систем, еден од предводниците во системите со поделба на времето и во програмските јазици. Во доцните 70ти, Control Data и Универзитетот од Илиноис го развија PLATO оперативниот систем, кој користеше екрани со плазма панелни плочи и мрежи за поделба на времето на поголеми растојанија. PLATO беше многу оригинален за неговото време, со разговори на реално време, и повеќе кориснички графички игри. Burrouhs Corporation го претстави B5000 во 1961 со MCP, (Master Control Program) оперативен систем. B5000 беше стек машина дизајнирана само за да ги поддржи високо развиените јазици без машина за јазици или асемблер, и навистина МCP беше првиот оперативен систем кој беше напишан исклучиво во високо развиен јазик ESPOL, дијалект на ALGOL. МCP исто така воведе многу други иновации, тој беше првиот оперативен систем кој ја имплементирасе виртуелната меморија. За време на развојот на AS400, IBM испрати понуда до Burroughs да го лиценсира МCP да извршува на АS400 хардвер. Оваа понуда беше одбиена од менаџментот на Burroughs со цел да се заштите сопственото производство на хардвер. MCP e сѐ уште во употреба денес во Unisys ClearPath/MCP компјутерите.

UNIVAC, првиот комерцијален производител на компјутери, произведе серија на ЕXEC оперативни системи. Како и сите примарни main-frame systems, и овој беше batch (пакетно-ориентиран) систем кој управуваше со магнетни резервоари, дискови, читачи на картици и печатачи. Во 70те, UNIVAC произведе Real-Time Basic (RTB) system за да подржи поделба на времето во поголем опсег, што исто така беше по пример на Dartmouth BASIC system

Digital Equipment Corporation разви многу оперативни системи за нивните различни компјутерски линии, вклучувајќи ги ТОPS-10 и TOPS-20 системите за поделба на времето за 36 битните PDP-10 системи. Пред раширувањето на UNIX, TOPS-10 беше многу

Во доцните 60ти па сè до доцните 70ти, неколку хардверски можности се развија што овозможи слични или повеќепренесувачки софтвери да се извршуваат на повеќе од еден систем. Првобитните системи го искористија микропрограмирањето за да имплементираат одлики во своите системи со цел да овозможат различни основни архитектури да изгледаат исто како другите во серијата. Всушност повеќето 360ки беа имплементирани со помош на микропрограмирање. Но подоцна други методи за постигнување на компатибилност на апликациите се покажаа како поефикасни.

Огромното инвестирање во софтверот на овие системи направено уште во 60те придонесе многу од производителите на компјутери да продолжат со развојот на компатибилни оперативни системи заедно со хардверот. Истакнатите оперативни системи кој поддржуваат mainframe вклучуваат:

Burroughs MCP – B5000, 1961 - Unisys Clearpath/MCP, денес.

IBM OS/360 – IBM System/360, 1966 - IBM z/OS, денес.

IBM CP-67 – IBM System/360, 1967 - IBM z/VM, денес.

UNIVAC EXEC 8 – UNIVAC 1108, 1964, - Unisys Clearpath IX, денес.

Миникомпјутери

Првите микрокомпјутери го немаа капацитетот или потребата за детално разработените оперативни системи кои беа развиени за mainframes и minis; минималистични оперативни системи беа развиени, често вчитувани од  ROM, познати како монитори. Еден позначаен првобитен оперативен систем заснован на дискови беше CP/M, кој беше поддржуван од многу првобитни микрокомпјутери и беше добра копија на MS-DOS, кој подоцна стана многу популарен како оперативен систем избран од IBM PC, негови следбеници беа Microsoft. Во 80те  Аpple Computer Inc. ја напушти својата популарна Apple II серија на микрокомпјутери за да го претстави Apple Macintosh компјутерот со иновативен Graphical User Interface на Mac ОS.

Воведувањето на Intel 80386 CPU чипот со 32-битна архитектура и можности за страничење, обезбеди лични сметачи со можност за извршување повеќезадачност оперативни системи како тие од првобитните миникомпјутери и мејнфрејми. Microsoft одговори на овој напредок со вработувањето на Dave Cutler, кој го имаше развиено VMS оперативниот систем за Digital Equipment Corporation. Тој ќе го предводи развојот на Windows NT оперативниот систем, кој продолжува да служи како основа на оперативните системи на Microsoft. Steve Jobs, соосновач на Apple Inc., го основа NeXT Computer Inc., кој го разви Unix-like NEXTSTEP оперативниот систем. NEXTSTEP подоцна ќе биде побаран од Apple Inc. и користен, заедно со кодот од FreeBSD како јадро за Mac OS X.