Тополница е река во јужна Бугарија. Реката извира од Средна Гора, во близина на сливот на реките Ширинеј и Крива Река, кај градот Копривштица.

Реката е долга 95 километри и се влева во Марица во близина на Автопатот Тракија и градот Пазарџик. На неа е изградена браната Тополница, која се користи за наводнување на целото Пазарџиско поле.

Поврзано Бугарија Географија на Бугарија Наводи

Категорија:Реки во Бугарија Категорија:Копривштица Категорија:Притоки на Марица