Пиперево или Пиперово — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба thumb|десно|Црква „Св. Ѓорѓи“ thumb|десно|Клуб на пензионери

Пиперево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, средишниот дел на Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Покрај селото од запад тече реката Струмица а од исток реката Турија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 6 километри.

Надморската височина во селото е 228 метри додека селото зафаќа површина од 7,2 км2. Од нив 630 хектари се обработливо земјиштеПанов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.225.

Селото се граничи со Василево, Доброшинци, Нова Маала, Чанаклија, Добрејци, Просениково. Историја Антички период

Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Тарласи, што се наоѓа југоисточно од населбата. Претставува населба од доцноантичкото време. На северниот раб на селото, на простор од 200 х 200 м се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси. Во нивата на А. Коцев бил најден питос со натписКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Отоманско Царство

Имa податoци декa селoтo се спомнувa уште од 1769 година. Во текот на XIX век, селото било мешано. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 290 жители Македонци и 125 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.. Црквата Св. Ѓорѓи во селото била изградена во 1870 година.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 208 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 36 Роми. Во селото функционирало и училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107..

Како чифлик-сајбија на селото во последните години на османлиското владеење на овие простори бил Нефи-беј.

Југославија

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во текот на Втората светска војна, во регионот започнала партизанската пропаганда за мобилизирање на населението. Најчесто биле испраќани и летоци меѓу населениетоМанол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969..

По крајот на Втората светска војна, Пиперево било вклученo во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево. Стопанство Главно занимање на населението во Пиперево е земјоделството. Населението најмногу одгледува раноградинарски култури

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци и 25 до 50 Турци.

Во 1961 година селото имало 976 жители, од кои 875 биле Македонци и 98 биле Турци. Во 1994 година во селото живееле 1300 луѓе, од кои 1200 биле Македонци и 100 биле ТурциСпоред изворот, бројот на Македонци и Турци не е еднаков со вкупниот број на население.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Пиперево има 1.158 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно Македонци 957Албанци 0Турци 101Роми 0Власи 0Срби 0Бошњаци 0Други100 На пописот од 2002 година, селото имало 1.401 жител. Следува табела на националната структура на населениетоПопис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОст.Вкупно1948————————6601953678—85——1—87691961875—98——2—19761971941—76——1——1 01819811 103—92——1—51 20119911 193—116————21 31119941 200—100——3—11 30020021 260—139————21 401 Селото има поволна демографска состбојба, со оглед на тоа дека бележи благ пораст на населението низ пописните години.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1804 и 1804/1 според Државната изборна комисија, сместени во Дом на културата.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.163 гласачи.

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“

Личности Запро Запров (р. 1947) — македонски диригент, композитор, сликар и универзитетски професор

Наводи

Надворешни врски Општина Василево

Категорија:Села во Општина Василево Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија