Падарница — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Делогожди. Претставува населба од хеленистичко и римско време. Се наѓа во нивите кои се во непосредна близина на наоѓалиштето Св. Илија. Од неговата северозападна страна, се среќаваат фрагменти од керамички садови, а според наводите на В. Лахтов од рекогносцирањата извршени во 1956 година, биле видливи темели од објекти.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Делогожди; Градиште - Кале — населба од железно, хеленистичко и римско време; Св. Илија — некропола од архајско, хеленистичко, римско време и среден век; Црско - Црква — сакрален објект од средниот век; Чинар - Џамија — црква и некропола од средниот век.
Наводи
Категорија:Делогожди