Кале — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Јабланица. Претставува утврдување од римско време. Се наоѓа североисточно од селото, а југозападно од селото Безово. На висок рид што доминира над околниот терен, на површина од околу 2 хектара, пронајдени се фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Видливи се и остатоци од бедем, граден од кршен камен и варов малтер. Во внатрешноста на тврдината се забележуваат темели од повеќе градби.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Јабланица.

Наводи

Категорија:Јабланица (село)