Нае () — река во Рајнска област-Пфалц и Сар, Германија, лева притока на Рајна. Таа, исто така, ѝ го дала и името на винската област Нае, која се наоѓа околу неа.

Името Нае е изведено од латинскиот збор Nava, кој е врз основа на келтското потекло за дива река. Нае го дели северниот дел на Пфалц од Хунсрик.

Таа извира во областа на Нофелден (Сар), течејќи низ Рајнска област-Пфалц и се приклучува на реката Рајна во Бинген. Нејзината должина е 116 километри. Градови низ кои Нае тече се Идар-Оберштајн, Кирн, Бад Кројцнах и Бинген.

мини|лево|Близу Оберхаузен на Нае

Категорија:Рајнски слив Категорија:Реки во Сар Категорија:Притоки на Рајна Категорија:Реки во Рајнската област-Пфалц