Езерото Ван (, Курдски јазик: Behra Wanê, Ерменски јазик: Վանա լիճ) е најголемо езеро во Турција. Се наоѓа на крајниот исток на земјата. Тоа е солено езеро од вулканско потекло, кое нема острови, а водата ја прима од бројните притоки од околните планини. Површината на ова езеро изнесува 3,755 км² и се наоѓа на надморска височина од 1,719 метри. На источниот брег на ова езеро се наоѓа градот Ван, главен град на истоимената турска покраина.

Езерото се формирало во плеистоценот кога лавата од вулканот Немрут го блокирала приливот на вода од исток. Неактивни вулкани денес можат да се сретнат источно и северно од езерото.

Водите на езерото Ван се богати со сол,

Водите на езерото Ван се богати со сол, како на пример натриум карбонатот кој се користи како детергент. Во близина на езерото има овоштарници и житни полиња.

Видете уште и Битка кај Манцикерт, водена во близината на езерото во 1071 година.

Надворешни врски Фотографије

Категорија:Еезера во Турција Категорија:Солени езера