Студио Гибли (, меѓун. Studio Ghibli Inc.) — јапонско анимациско студио со седиште во Коганеи, Токио.会社情報 ." Studio Ghibli. Retrieved on February 26, 2010. Студиото е најдобро познато од неговите играни анимирани филмови, како и неколку краткометражни филмови, телевизиски реклами, и еден телевизиски филм. Основано е на 15 јуни, 1985 година од режисерите Хајао Мијазаки и Исао Такахата, и продуцентот Тошио Сузуки, по успехот на анимираниот филм „НАУСИКАА ОД ДОЛИНАТА НА ВЕТРОТ“ (1984 г.) создаден од студиото „Топкрафт“, кое е всушност директен претходник на Гибли. Студиото соработувало со разни студија за видеоигри за визуелното развивање на неколку видеоигри.
Шест филма на Студио Гибли се меѓу 10-те аниме филмови со најголема заработка направени во Јапонија, а „ПАТУВАЊЕ СО ДУШИТЕ“ (2001 г.) е втор со најголема заработка од над $360 милиони ширум светот. Многу од нивните дела имаат освоено Animage Аниме ГП награда, а четири ја освоиле Наградата на Јапонската Академија за анимација на годината. Пет филма од Студио Гибли добиле номинации за Оскар. ПАТУВАЊЕ СО ДУШИТЕ ја освоил Златната мечка во 2002 година и Оскар за најдобар анимиран игран филм во 2003 година. Тоторо (шумски дух), лик од филмот „МОЈОТ СОСЕД ТОТОРО“, е маскота на студиото.
На 3 август 2014 година, Студио Гибли привремено го запреле производството по пензионирањето на Мијазаки. Во февруари 2017 година, Тошио Сузуки објавил дека Мијазаки повторно излегол од пензија за да режира нов долгометражен филм насловен „МОМЧЕТО И ЧАПЈАТА“, со Студио Гибли. Филмот излегол во јули 2023 г.
Име Името Гибли било дадено од Хајао Мијазаки од италијанската именка „ghibli“, заснована врз либиското арапско име за врел пустински ветер (قبلي, романизирано: ghiblī), со идејата дека студиото „ќе крене нов ветер низ аниме-индустријата“.The Birth of Studio Ghibli, Nausicaä of the Valley of the Wind DVD, Walt Disney Home Entertainment, 2005. Исто така, се однесува на италијанскиот авион, „Caproni Ca.309“. Иако италијанскиот збор попрецизно би бил транслитериран како („Гибури“), јапонското име на студиото е (Џибури ).
Историја
Токума Шотен период Основано на 15 јуни 1985 година, студиото го воделе режисерите Хајао Мијазаки и Исао Такахата и продуцентот Тошио Сузуки. Пред формирањето на студиото, Мијазаки и Такахата веќе имале долга кариера во јапонската филмска и телевизиска анимација и работеле заедно на филмот „Големата авантура на Хор, Принц на сонцето“ од 1968 година и филмовите „Панда! Напред, панда!“ од 1972 и 1973 г., а во 1978 година, Сузуки станал уредник на Animage манга списанието на Токума Шотен, каде што првиот филм што го избрал бил ХОРУС. Една година по неговиот телефонски повик со Такахата и неговата прва средба со Мијазаки, по што разговарале за Хор, тој им телефонирал за првиот филм што Мијазаки некогаш го режирал: „Замокот на Каљостро“.
Студиото е основано по успехот на филмот НАУСИКАА од 1984 година, напишан и режиран од Мијазаки за Топкрафт, а дистрибуиран од Тоеи. Потеклото на филмот лежи во првите два тома на серијализираната манга напишана од Мијазаки и публикувана во Animage како начин за создавање интерес за аниме верзија. Сузуки бил дел од продуцентскиот тим на филмот и го основал Студио Гибли со Мијазаки, кој исто така го поканил Такахата да се приклучи на новото студио.
Студиото главно продуцирало филмови од Мијазаки, а втор најплоден режисер е Такахата (најпознат од „ГРОБОТ НА СВЕТУЛКИТЕ“). Меѓу другите режисери кои работеле со Студио Гибли се: Јошифуми Кондоо, Хиројуки Морита, Гороо Мијазаки и Хиромаса Јонебајаши. Композиторот Џо Хисаиши го обезбедил саундтракот за повеќето филмови на Мијазаки за Студио Гибли. Во нивната книга „Аниме класици Зеттаи!“, Брајан Камп и Џули Дејвис го забележале Мичијо Јасуда како „столб на извонредниот тим за производство и продукција на Студио Гибли“. Во еден период, студиото било со седиште во Кичиџооџи, Мусашино, Токио."The Animerica Interview: Takahata and Nosaka: Two Grave Voices in Animation." Animerica. Volume 2, No. 11. Page 11. Translated by Animerica from: Takahata, Isao. Eiga o Tsukurinagara, Kangaeta Koto ("Things I Thought While Making Movies") Tokuma Shoten, 1991. Originally published in Animage, June 1987. This is a translation of a 1987 conversation between Takahata and Akiyuki Nosaka. "Kichijoji is the Tokyo area where "Studio Ghibli," frequent Takahata collaborator Hayao Miyazaki's studio, is located.
Во август 1996 година, Волт Дизни и Токума Шотен формирале партнерство во кое што Волт Дизни Студиос ќе станат единствениот меѓународен дистрибутер за анимираните филмови на Студио Гибли на Токума Шотен. Според овој договор, Дизни исто така се согласиле да финансираат 10% од трошоците за производството на студиото. Оттогаш, сите три гореспоменати филмови на Мијазаки во Студио Гибли, кои претходно биле синхронизирани од Streamline Pictures, повторно биле синхронизирани од Дизни. На 1 јуни 1997 година, Токума Шотен ги консолидирало своите медиумски активности со спојување на Студио Гибли, Токума Шотен Интермедија софтверот и Токума Интернешнл на една локација.
Со текот на годините, постоела блиска врска помеѓу Студио Гибли и магазинот Animage, кој редовно објавува ексклузивни статии за студиото и неговите членови во делот насловен „Белешки на Гибли“. Уметничките дела од филмовите на Гибли и други дела често се појавуваат на насловната страница на списанието. Романот на Саеко Химуро, „Уми га Кикоеру“, бил серијализиран во списанието и потоа бил адаптиран во филмот „ОКЕАНСКИ БРАНОВИ“, единствениот долгометражен анимиран филм на Студио Гибли, создаден за телевизија. Режисер бил „Томоми Мочизуки“.
Во октомври 2001 година, Гибли музејот бил отворен во Митака, Токио. Содржи изложби засновани на филмовите од Студио Гибли и прикажува ексклузивни анимации, вклучувајќи голем број на кратки филмови на Студио Гибли кои не се достапни на друго место.
Студиото е познато и по својата строга политика на „забрането уредување“ во лиценцирањето на нивните филмови во странство, поради тоа што НАУСИКАА била преработена во голема мера при објавувањето на филмот во САД под наслов „ВОИНИ НА ВЕТРОТ“. Политиката „без пресеци“ била потенцирана кога копретседавачот на Miramax, Харви Вајнстин, предложил да ја преуреди и „ПРИНЦЕЗАТА МОНОНОКЕ“, за да биде покомерцијална. Се шпекулира дека еден продуцент на Студио Гибли испратил автентичен јапонски меч (веројатно катана) со едноставна порака: „Без пресеци“.
Независна ера Помеѓу 1999 и 2005 година, Студио Гибли била подружница на брендот на Токума Шотен; сепак, тоа партнерство завршило во април 2005 година, кога Студио Гибли биле отстранети од Токума Шотен и биле воспоставени како независна компанија со преместено седиште.
На 1 февруари 2008 година, Тошио Сузуки се повлекол од позицијата претседател на Студио Гибли, која ја извршувал од 2005 година, па Коџи Хошино (поранешен претседател на Волт Дизни Јапонија) ја презел функцијата. Сузуки рекол дека сака да ги подобрува филмовите со свои раце како продуцент, наместо да го бара тоа од неговите вработени. Сузуки одлучил да му го предаде претседателското место на Хошино затоа што Хошино му помогнал на Студио Гибли да ги продава своите видеа уште од 1996 година, и исто така помогнал во објавувањето на ПРИНЦЕЗАТА МОНОНОКЕ во САД. Сузуки сè уште работи во одборот на директори на компанијата.
Два кратки филмови од Студио Гибли создадени за Гибли музејот биле прикажани на фестивалот Carnegie Hall Citywise Japan NYC: „КУЌЕН ЛОВ“ и „МОН МОН, ВОДЕНИОТ ПАЈАК“ биле прикажани на 26 март 2011 година.
Такахата развил проект за објавување по филмот „ПРИКАЗНИ ОД ЗЕМЈОМОРЕ“ режиран од Гороо Мијазаки, синот на Хајао, насловен „ПРИКАЗНАТА ЗА ПРИНЦЕЗАТА КАГУЈА“ - адаптација на „Приказната за бамбусовиот сечач“. Последниот филм режиран од Хајао Мијазаки пред да се повлече од играните филмови бил „ВЕТРОТ СЕ ЗАСИЛУВА“, што ја обработува темата за авионот Митсубиши A6М Нула и неговиот творец.
На 1 септември 2013 година, Хајао Мијазаки одржал прес-конференција во Венеција за да го потврди своето пензионирање, велејќи: „Знам дека реков дека ќе се повлечам многу пати во минатото. Многумина од вас мора да мислат: "Уште еднаш". Но, овој пат сум многу сериозен.“
На 31 јануари 2014 година, било најавено дека Гороо Мијазаки ќе ја режира својата прва аниме телевизиска серија, „САНЗОКУ НО МИСУМЕ РООНЈА“, адаптирана од книгата на Астрид Линдгрен, „Рониа, ќерката на Арамијата“ за РКЈ. Серијата е компјутерски анимирана, во продукција на Poligon Pictures, и во копродукција на Студио Гибли.
Во март 2014 година, Тошио Сузуки се повлекол како продуцент и ја презел новата позиција на генерален директор. Јошијаки Нишимура го заменил Сузуки во продуцентската улога.
На 3 август 2014 година, Тошио Сузуки објавил дека Студио Гибли ќе направи „кратка пауза“ за да се процени и преструктуира во пресрет на пензионирањето на Мијазаки. Тој изјавил некои загрижености за тоа каде ќе оди компанијата во иднината. Ова довело до шпекулации дека Студио Гибли никогаш повеќе нема да произведе друг игран филм. На 7 ноември 2014 година, Мијазаки изјавил: „Сепак, тоа не беше мојата намера. Сè што направив беше да објавам дека ќе се повлечам и нема да правам повеќе филмови“. Водечкиот продуцент Јошијаки Нишимура, меѓу неколкуте други вработени од Гибли, како режисерот Хиромаса Јонебајаши, заминале и го основале Студио Понок во април 2015 година, работејќи на филмот „МЕРИ И ЦВЕТОТ НА ВЕШТЕРКАТА“.
Анимираниот фантастичен филм „ЦРВЕНАТА ЖЕЛКА“ од 2016 година, во режија и ко-сценарио на холандско-британскиот аниматор Михаел Дудок де Вит и негов дебитантски анимиран филм, бил копродукција помеѓу Студио Гибли и Wild Bunch.
Во февруари 2017 година, Тошио Сузуки објавил дека Хајао Мијазаки излегол од пензија за да режира нов игран филм со Студио Гибли.
На 28 ноември 2017 година, Коџи Хошино се повлекол од функцијата претседател; беше заменет со Кијофуми Накаџима (поранешен директор на Гибли музејот). Тогаш, Хошино бил назначен за Претседател на Студио Гибли.
Во мај 2020 година, Тошио Сузуки потврдил дека во Студио Гибли развива нов филм од Гороо Мијазаки. На 3 јуни 2020 година, Студио Гибли објавило дека филмот ќе биде адаптација на романот „Ервиг и вештерката“ од Дијана Винн. Филмот бил најавен како прв целосно 3D CG анимиран Гибли филм и закажан за телевизиска премиера на РКЈ кон крајот на 2020 година.
Дистрибуциски права
Театарски и домашни медиумски права
Јапонија Во Јапонија, филмовите на компанијата (заедно со „ЗАМОКОТ НА КАГЛИОСТРО“ и сите други „Лупин Трети“ наслови за кино-салите, како и „МЕРИ И ЦВЕТОТ НА ВЕШТЕРКАТА“) се театрално дистрибуирани од Тохо (освен „ЗАМОК НА НЕБОТО“ и „СЛУЖБА ЗА ИСПОРАКА НА КИКИ“, кои биле дистрибуирани од Тоеи заедно со „НАУСИКАА“, и воедно во нивна продукција бил и „ХОРУС, ПРИНЦ НА СОНЦЕТО“, а „МОИТЕ СОСЕДИ ЈАМАДА“, бил дистрибуиран од Шочику), а од Волт Дизни Студиос Јапонија за домашните медиуми заедно со филмовите „НАУСИКАА“, „ЗАМОКОТ НА КАГЛИОСТРО“ и „МЕРИ И ЦВЕТОТ НА ВЕШТЕРКАТА“. Пред договорот со Дизни, Токума Шотен ги објавувал Гибли филмовите преку нивната етикета „Animage Видео“, како и сите Laserdisc изданија на филмовите, бидејќи договорот со Дизни не го вклучувал овој формат до летото во 1996 година.
Северна Америка