Хургада ( ) ― град во областа по име Црвено Море во Египет. Главно туристичко средиште и втор град по големина во тој реон (после Суец) сместен на брегот на Црвеното Море.
Основање Градот бил создаден на почетокот на XX век, а од 1980-те години постојано се зголемува. Во овој град инвестираат и египетски и странски инвеститори, и го претвораат во водечки центар крај брегот на Црвеното Море. Хотелите нудат бројни туристички морски знаменитости, меѓу кои водечки се спортовите на вода, како и нуркање, пловење со јахти, едрилици и друго.
Хургада се протега на околу 36 километри крај морскиот брег, но не и длабоко во пустината. Главно место за туризам е за жителите од Каиро, но и за туристи од Европа. До скоро ова било само едно мало рибарско место, но денес Хургада е град со околу 248.000 жители, и поделен е на три дела: Центар (Ел Дахар) е стариот дел; Сакала е центарот на градот и Ел Мемша (Селски пат) е современиот дел.
Клима
left|thumb|Ал-Махмеја, национален парк на брегот на Хургада. Хургада има суптропска и пустинска клима, со благи зими и топли до врели лета. Летната сезона трае речиси цела година. Сончевите денови се околу 3.800 часа годишно, што е еден од највисоките резултати во светов, а во просек се движат од 9 сончеви часа во декември до 13 сончеви часа во јули. Просечната годишна температура на морето е 24 °C, и се движи од 21 °C во февруари и март до 28 °C во август.
Водени спортови
Хургада е меѓународен центар за водени спортови како што се: едрење, подводен риболов, пливање, и пред сè нуркање, затоа што подводните гребени се сметаат за најдобри во цел свет. Топлото море овде е идеално за животот на разни видови риби и корали, кои може да се набљудуваат и од чамците со стаклен под.
Наводи
Категорија:Градови во Египет Категорија:Црвено Море Категорија:Туризам во Египет Категорија:Населени места основани во 1905 година