Ерфурт () — главен град на Тирингија и е еден од поголемите градови блиску до географскиот центар на Германија, сместен на 100 километри југозападно од Лајпциг, 150 километри северно од Нирнберг и 180 километри југоисточно од Хановер. Заедно со соседните градови Вајмар и Јена ја создава средишната метрополитенска област на Тирингија со над половина милион жители. Познати институции во Ерфурт се Сојузниот суд за труд на Германија, Универзитетот Ерфурт и Високата школа Ерфурт, како и Римокатоличната епископија Ерфурт со Ерфуртската катедрала како една од главните знаменитости. Други познати згради се Кремербрике (Krämerbrücke), мост целосно покриен со градби и најстарата синагога, која сè уште постои во Европа, изградена во 11 век. Средновековниот центар на градот се состои од стари фахверк куќи и околу 25 готски цркви.
Ерфурт бил првпат споменат во 742, кога Свети Бонифациј ја основал епископијата. Иако политички градот не припаѓал на една од тириншките држави, брзо станал економски центар на регионот. До времето на Наполеон бил дел од Електоратот Мајнц, а потоа припаѓал на Прусија до 1945. Универзитетот бил основан во 1392, затворен во 1816 и повторно основан по повторното обединување на Германија во 1994. Кога бил отворен бил трет универзитет во Германија, но некои документи посочуваат дека постоел од 1379 и поради помеѓу историчарите се води дебата дали универзитетот е најстар во Германија. Мартин Лутер бил најпознат студент на универзитетот.
Економијата на градот се состои од администрацијата, услугите и индустријата за микроелектроника. Поради средишната положба во Германија, Ерфурт станал важно место за логистика во Германија и Средна Европа во текот на последниве години. Друга традиционална стопанска гранка е хортикултурата. Ерфурт го поседува вториот најголем саем (по Лајпциг) во источна Германија и е важен јазол во железничкиот и патниот сообраќај. Јавниот телевизиски канал за деца KiKa е сместен во Ерфурт.
Градот се наоѓа во јужниот дел на Тириншката Котлина, во рамките на долината на реката Гера.
Историја Праисторија
Ерфурт е стара германска населба. Најстариот доказ за човечка населба датира од предисториската ера; археолошките наоди од северниот дел на Ерфурт откриваат човечки траги во палеолитскиот период, околу 100.000 години п.н.е. Ископината Ерфурт-Мелхендорф покажува населба од неолитскиот период. Турингиите први ја населиле областа на Ерфурт, околу 450 и му го дале нивното име Тирингија, околу 500 година.
Среден век
мини|250п|Ерфурт, извадок од Нирнбершка хроника, 1493 мини|Стара синагога (најстара во Европа) мини|Стариот универзитет (1392)
Градот, првпат е спомнат во 742 под името „Erphesfurt“; истата година, Свети Бонифациј му напишал на папата Захариј, за да му каже дека тој основал три епископи во Тирингија, една од нив „во место наречено Erphesfurt, кој долго време било населено со пагански староседелци.“ Сите три епископи (другите две биле во Вирцбург и Бурабург) биле потврдени од Захариј следната година, иако подоцна Ерфурт бил пренесен во Мајнчката епископија. Дека местото било население, произлегува од археолошките докази, кои вклучуваат 23 гроба и шест гроба на коњи од шестиот и седмиот век.
Во текот на средниот век, тој бил важен трговски град, поради неговата локација, во близина на речен премин, минувајќи низ реката Гера. Заедно со другите пет тириншки сини градови Гота, Тенштет, Арнштат и Лангензалца биле центар на германската дрвна трговија, што ги направило овие градови да станат богати. Ерфурт бил раскрсница на многу важни трговски патишта: Вија Регија бил еден од најважните патишта во правецот исток-запад помеѓу Франција и Русија (преку Франкф, Ерфурт, Лајпциг и Вроцлав) и другиот пат во насока север-југ бил врската помеѓу пристаништата на Балтичкото Море (како Либек) и италијанските градови-држави како Венеција и Милано.
Во текот на 10 и 11 век Царството и Изборното Кнежевство Мајнц му посветиле внимание на Ерфурт. Германските цареви имале важен манастир на ридот Петерсберг, а мајнчките епископи наплаќале даноци од народот. Околу 1100, некои луѓе станала слободни граѓани преку плаќање на годишниот „данок за слобода“ (Freizins), што бил првиот чекор кон развивање на слободен град. Во текот на 12 век, како знак на поголемата независност, граѓаните изградиле градски бедем околу Ерфурт. По 1200, независноста била добиена и градскиот совет бил основан во 1217; градското собрание било изградено во 1275. Во следните децении, советот купувал поседи околу Ерфурт. Ерфурт станал важна регионална сила помеѓу Ландгрофството Тирингија, Изборното Кнежевство Мајнц на запад и Изборното кнежевство Саксонија на исток. Помеѓу 1306 и 1481, Ерфурт се здружил со два други тириншки града (Милхаузен и Нордхаузен) во Тириншкиот градски сојуз. Врвот во економскиот развој бил достигнат во 15 век, кога градот имал население од 20.000 жители, што го направило еден од најголемите во Германија. Помеѓу 1432 и 1446 бил изграден вториот и поголем градски бедем. Во 1483 била изградена првата градска тврдина.
Еврејската заедница на Ерфурт била основана во 11 век и станала, заедно со оние од Мајнц, Вормс и Шпајер, една од највлијателните во Германија. Нивната синагога е сè уште зачувана и денес е музеј, исто како миквата на реката Гера близу Кремербрике. Во 1349, за време на бранот на погроми кои следеле по црната смрт низ Европа, Евреите од Ерфурт биле уапсени, притоа биле убиени над 100 лица, а остатокот биле депортирани од градот. Пред нивното бркање, богатите еврејски трговци го закопале нивното богатство во подрумите на своите куќи. Во 1998, ова богатство било пронајдено во текот на изведување на градежни работи. Ерфуртското богатство со различни златни и сребрени делови е прикажана на изложба во синагогата. Неколку години по 1349, Евреите се вратиле во Ерфурт и ја основала втората заедница, која била распуштена од градскиот совет во 1458.
Во 1392 бил основан Ерфуртскиот универзитет, на кој бил запишан Мартин Лутер. Заедно со Келнскиот универзитет бил еден од првите универзитет во Германија поседувани од градовите. Некои градби на стариот универзитет се зачувани или обновени во „латинскиот кварт“ во северниот дел на центарот на градот. Универзитетот брзо станал средиште на германскиот културен живот во текот на хуманизмот со предавачи како Улрих фон Хутен, Хелиус Еобанус Хесус и Јустус Јонас.
Ран модерен период
мини|Дворецот на владетелите на Мајнц (однапред)
Во 1501 Мартин Лутер станал студент на универзитетот. По 1505 живеел во августинскиот манастир и во 1507 станал свештеник во Ерфуртската катедрала. Се преселил во Витенберг во 1511. Неговата Реформација стигнала во Ерфурт во 1521. Во 1530, градот станал еден од првите градови во Европа, кои официјално станале повеќеверски. Го зачувал статусот и низ понатамошните векови. Крајот на 16 и 17 век донеле мал економски развој на Ерфурт. Трговијата се намалила, бројот на жители бил во опаѓање, а универзитетот го загубил своето влијание. Била загрозена и независноста на градот. Во 1664, градот и околината преминале под власта на Изборното Кнежевство Мајнц и градот ја загубил својата независност. Изборното кнежевство изградило огромна тврдина на ридот Петерсберг помеѓу 1665 и 1726 за да го контролира градот и испратил гувернер да владее со Ерфурт.
Кон крајот на 18 век, Ерфурт го доживеал својот културен врв. Гувернерот Карл Теодор Антон Марија фон Далберг одржувал силни врски со Јохан Волфганг фон Гете, Фридрих Шилер, Јохан Готфрид Хердер, Кристоф Мартин Виланд и Вилхелм фон Хумболт, кои често го посетувале во Ерфурт.
Ерфурт станал дел од Кралството Прусија во 1802. Во текот на капитулацијата на градот, неговите 12.000 бранители и тврдината Петерсбург биле предадени на Французите на 16 октомври 1806. Градот станал дел од Првата француска империја во 1806 како Кнежевство Ерфурт, но било вратено на Прусија во 1815 по Наполеоновите војни. Иако опкружен со тириншка територија од запад, југ и исток, градот останал дел од пруската покраина Саксонија до 1944. Во 1808 бил одржан Ерфуртскиот конгрес, на кој присуствувале Наполеон и Александар I.
Од 1815
мини|Улица во јужниот дел на градот со згради во грундерцајт стил мини|Станбени проекти во баухаус од 1930 мини|Хотел „Ерфуртер Хоф“, каде одржал првиот состанок на источно и западногерманскиот канцелар во 1970
По Револуцијата во 1848, многу Германци изразиле желба да имаат обединета национална држава. Обидот кон оваа желба била пропаднатата Ерфуртска унија на германските држави во 1850.
Индустриската револуција пристигнала во Ерфурт во 1840-тите, кога била изградена тириншката железница како врска помеѓу Берлин и Франкфурт. Во текот на следните години биле изградени многу фабрики во различни дејности. Една од најголемите била Кралската фабрика за пушки на Прусија во 1862. По обединувањето на Германија во 1871, Ерфурт не се наоѓал повеќе на јужната граница на Прусија, туку станал средиште на Германија, па така утврдувањата околу градот повеќе не биле потребни. Нивното рушење во 1873 довело до градежен бум во Ерфурт, поради дозволата да се гради пред поранешните градски ѕидини. Многу јавни и приватни градби се изградиле, а инфраструктурата брзо се подобрила. Бројот на жители се зголемил од 40.000 околу 1870 до 130.000 во 1914 и градот се ширел во сите насоки.
Ерфуртската програма била усвоена од Социјалдемократската партија на Германија за време на нивниот Конгрес во Ерфурт во 1891.
Помеѓу војните градот продолжил да расте. Недостигот на станбен простор бил надминат со програми за градење и општествена инфраструктура според политиката на Вајмарската Република. Големата депресија помеѓу 1929 и 1932 довела до катастрофални последици за Ерфурт, скоро една третина од населението станало невработени. Судирите помеѓу крајната левица и десница се затегнале и многу жители ја ценела нова нацистичка влада и Хитлер. Другите, особени некои комунистички работници, покажале отпор против новата администрација. Во 1938, новата синагога била уништена во текот на палежите во Кристилната ноќ. Евреите го изгубиле нивниот имот и емигрирале или биле депортирани во нацистички концентрациски логори (заедно со многу комунисти). Во 1914 компанијата Topf und Söhne започнала со производство на крематориуми, а подоцна станала и пазарен водач во оваа индустрија. За време на нацистичката влада, компанијата ги снабдувала логорите Аушвиц-Биркенау и Маутхаузен со крематориуми, печки и друга опрема. На 27 јануари 2011 бил отворен споменик и музеј посветен на жртвите од Холокаустот убиени од печките на компанијата на местото на поранешното седиште во Ерфурт.
Бомбардиран како цел на нафтената кампања во Втората светска војна, Ерфурт претрпел само ограничена штета и бил освоен на 12 април 1945, од страна на американската 80. пешадиска дивизија.Stanton, Shelby, World War II Order of Battle: An Encyclopedic Reference to U.S. Army Ground Forces from Battalion through Division, 1939-1946, Stackpole Books (Revised Edition 2006), p. 150 На 3 јули, американските трупи го напуштиле градот и градот станал дел од советската окупациска зона и Источна Германија. Во 1948, Ерфурт станал главен град на Тирингија на местото на поранешниот, Вајмар. Во 1952, покраините во ГДР биле распуштени на сметка на присилената централизација под социјалистичкиот режим. Тогаш, Ерфурт станал главен град на новиот Округ Ерфурт („Bezirk“). Во 1953 била основана високата школа за образование, како и високата школа за медицина во 1954, први академски институции во Ерфурт по затворањето на универзитетот во 1816.
На 19 март 1970 источниот и западниот германски канцелар Вили Штоф и Вили Брант се сретнале во Ерфурт, прв ваков состанок од поделбата на Германија. Во текот на 1970-тите и 1980-тите, економската состојба во ГДР постојано се влошувала. Многу стари градби во центарот на градот пропаднале, додека владата се борела против недостигот на домови со градење на големи населби од станбени блокови во периферијата. Мирната револуција 1989-90 довела до повторното обединување на Германија.