Езерото Абаја (, бивш назив Margherita) е езеро во јужниот дел на Етиопија. Се наоѓа во високи планини. Градот Арба Минч (Arba Minch) лежи на езерото.

Површината на езерото изнесува 1.160 км2Малата енциклопедија на просветата наведува околу 1.500 км2. Се наоѓа на надморска височина од 1,268 метри Малата енциклопедија на просветата наведува 1.284 m. Негов одлив е реката Галана Саган.

Според податоците на Статистичкиот преглед на Етиопија за 1967/68, езерото е долго 60 километри, а широко 20 километри. Максималната длабочина на езерото изнесува 13 метри.

Литература Мала Енциклопедија на Просветата - Општа Енциклопедија (А-Љ). Издавачко претпријатие "Просвета", Белград 1959.

Наводи

Категорија:Езера во Етиопија