мини|десно|Чен Деминг во 2009 г. Чен Деминг (кин. 陈德铭; пинјин: Chén Démíng; р. 1949) е министер за трговија на НР Кина. На функцијата е назначен на 29 декември 2007 г. од страна на Постојаниот комитет на Националното народно собраниеЧен Деминг е назначен за Министер за трговија - Tom.com .
Животопис Чен е роден во Шангај. Во септември 1974 г. се зачленил во КПК. Дипломирал економија, а докторирал на тема државна администрација на Нанѓиншкиот универзитет.
Служел како градоначалник на Суџоу, а потоа и како секретар на обласниот комитет на КПК. Од 2004 до 2006 г. бил на должноста управител на покраината Шенси. Подоцна е назначен за заменик-секретар на Националната комисија за развој и реформи, каде се занимавал претежно со планирање и стратегии во енергетското стопанство.
Белешки
Категорија:Кинески политичари Категорија:Родени во 1949 година Категорија:Кинески градоначалници Категорија:Луѓе од Шангај Категорија:Живи луѓе