Полошки манастир („Св. Георгиј“) — манастир во југоисточниот дел на Македонија во близината на Кавадарци, на падините на планината Вишешница, на границата помеѓу областите Тиквеш и Мариово. Неговата положба некогаш била високо над левиот брег на реката Црна, од спротива на селото Полошко по кое го добил името. По создавањето на вештачкото Тиквешко Езеро по долината на р. Црна (1964 - 1968), селото веќе не постои и до манастирот се доаѓа само по воден пат. Историја мини|лево|Манастирот во почетокот на XX век Доцноантичка населба Местото на манастирот било населено уште од доцноантичко време, за што сведочат остатоци од керамички садови пронајдени близу манастирската црква, на брегот на Тиквешкото Езеро.

Манастирска историја За историјата на манастирот ни говорат ѕидните натписи во самата црква, пишани документи, и тоа двете повелби: првата издадена во 1340 година од страна на кралот Стефан Душан (1331-1355), а по повод неговата одлука да Полошкиот манастир со своите имоти бидат дарувани на манастирот Хилендар на Света Гора (Атос), заедно со селата Полошко, Драгожел и Кошани; а втората повелба е од 1378 година, кога браќата Дејановиќи - деспот Јован Драгаш и Константин ги дарувале имотите на црквата „св. Ѓорѓи Полошки“ на реката Црна со селата на рускиот манастир „Св. Пантелејмон“ на Света Гора.

Црква

Главната и единствена црква е посветена на Свети Георгиј. Првобитната црква е изградена до 1340, живописана во периодот 1343 – 1345 година, додека нартексот е дограден во почетокот на XVII век. Живописот во нартексот датира од 1608 – 1609 година, а како негови ктитори се јавуваат игуменот на манастирот, Јеромонах Сава и Јеромонахот Патрониј.Ј. Николиќ Новаковиќ, За циклусот на свети Ѓорѓи и зографот од припратата на Полошкиот манастир, Културно Наследство 17-18 (1990-1991), скопје 1994, 84

Конаци мини|лево|Раѓањето Христово, детал од јужниот ѕид на црквата

Старите манастирски конаци биле сместени на јужната и источната страна од манастирската црква, кои се видливи и денес како остатоци. До пред неколку децении останува во сеќавање постоењето на делумно сочуваните манастирски конаци на јужната страна од црквата. Постојат неколку сочувани фотографии за постоењето на конаците за кои постои можност преку нив да се обноват и да го повратат некогашниот сјај. На 16 ноември 2007 година со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, било извршено осветување на камен темелник на новите манастирски конаци, на местото каде што се наоѓале старите манастирски конаци кои биле двокатни со чардаци и соби во задниот дел на чардаците, како и една соба со три прозорци на западниот дел. На горниот кат на чардаците постоеле шест дрвени потпирачи со башалаци на кровната конструкција, како и заштитни парапети на чардаците. На приземјето исто така имало столбови - потпирачи со стопи наместо капители. Долниот дел - приземјето бил отворен трем.

Манастирски туризам

Посетеноста на манастирот е најголема во деновите на патрониот празник - Ѓурѓовден и при празнувањето на манастирскиот празник посветен на Успение на Пресвета Богородица.

Наводи

Надворешни врски

Полошки манастир - „Св. Георгиј“ Фотогалерија Полошки Манастир Полошки манастир „Свети Ѓорѓи“ Кавадарци

Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Полошко Категорија:Праведник Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба