мини|Спектр-Р во комплексот за интеграција и тестирање на лансирната рампа бр. 31, вселенскиот центар Бајконур во јули 2011 година Радиоастрон (или Спектар-Р, ) — руски вселенски радиотелескоп, изработен со средства од Австровселенскиот центар на РАН, а лансиран во Земјината орбита на 18 јули 2011, со перигеј од 10.000 км и апогеј од 390.000 км.
„Радиоастрон“ е дело на повеќе установи: Австровселенскиот центар на физичкиот институт „П.Н. Лебедев“ при Руската академија на науките, НПО Лавочкин и Роскосмос во соработка со разни руски и меѓународни организации. Работата на проектот траела повеќе од 20 години.
Оваа астрофизичка вселенска опсерваторија е наменета за радио-астрофизичко набљудувања на вонгалактички објекти со ултрависока разделна моќ со радиоинтерферометриски методи, во содејство со земски радиотелескопи во брановодолжински опсег од 1,35 – 6,0; 18,0; 92,0 см, како и истражување на својствата на краЗемјината и меѓупланетарната плазма. Радиоастрон ќе овозможи набљудување на вселената со извондредно високо аголно разложување. Со ова се ветува разоткривање на загатките на длабоката вселена. Радиоастрон е најголемиот телескоп во вселената. Телескопот има облик на цвет, лиишто 27 листови се отвораат во рок од 30 минути.
При лансирање, леталото имало маса од 5.000 кг. За превоз е употребена носечка ракета „Зенит-2SLБ“ со горен степен „Фрегат-2СБ“. Главната научна цел на мисијата е изучување на разни астрономски објекти при аголно разложување од неколку милионити делови од една лачна секунда.
Носечката ракета на опсерваторијата е лансирана од платформата 45 на космодромот Бајконур на 18 јули во 06:31 MSK.
Поврзано Електро-Л Вселенска опсерваторија
Наводи
Надворешни врски Домашна страница на „Радиоастрон“
Категорија:Радиотелескопи Категорија:Вселенски телескопи Категорија:Руски сателити Категорија:Вселенски летала пуштени во 2011 година