Долни Радеш — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа меѓу планините Смрдеш и Конечка Планина. Се наоѓа на крајбрежјето на вештачкото езеро Мантово.
Во 2013 година селото за првпат во своето постоење добило електрична енергија.
Историја
Селото во век било дел од Радовишката Каза на Отоманското Царство.
Население
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 200 жители, сите Турци, додека селото Горни Радеш имало 50 жители Македонци.К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 235
По Втората светска војна, селото било постојано населено само од Македонци.
Селото било целосно напуштено во текот на 1990-тите години.
Според пописот во 2002 година, селото Долни Радеш било целосно раселено и немало постојано население. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Самоуправа и политика
мини|300п|десно|Панорамски поглед на селото заедно со езерото Мантово
Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Конче.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Конче, во која покрај селото Долни Радеш, се наоѓале и селата Габревци, Горно Липовиќ, Долно Липовиќ, Конче, Лубница, Негреновци и Ракитец. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Загорци, во која влегувале селата Гарван, Долни Радеш, Загорци и Скоруша.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1614 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница на селото Скоруша.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2 гласачи.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 327, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Ајушова Бавча — населба од железното време; Ѓуров Дол — тумул од железното време; Трескавец — средновековна некропола Ханче - Ан — средновековна некропола;
Личности
Родени во Долни Радеш Павле Трајанов (р. 1952) — македонски политичар
Поврзано Радовишко Поле Општина Конче Радовиш
Наводи
Надворешни врски
Сателитска снимка на Долни Радеш на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Радовишки села Категорија:Села во Општина Конче Категорија:Раселени села во Македонија