Дарко Ангелов од декември 2014 е актуелниот Македонски амбасадор во Грција, а претходно краток период во 2014 бил советник за надворешни работи на Премиерот на Република Македонија. Во периодот 2010 - 2014 бил амбасадор на Република Македонија во Унгарија.Воедно, од март 2012, Амбасадорот Ангелов бил и првиот нерезидентен амбасадор на Република Македонија за Нигерија, со седиште во Будимпешта, со тоа и прв воопшто македонски амбасадор акредитиран за држава од Потсахарска Африка.Акредитиран прв нерезидентен амбасадор на Република Македонија за Нигерија Од јули 2012 Амбасадорот Ангелов исто така бил и нерезидентен амбасадор за КазахстанАмбасада на Република Македонија во Будимпешта
Од мај 2009 до март 2010 бил генерален секретар (шеф на кабинет) на Претседателот на Република Македонија Д-р Ѓорге Иванов.
Од март 2008 до април 2009 бил советник за соработка со Руската федерација во седиштето на Советот на Европа во Стразбур. Во 2007-2008 работел како виш политички помошник на шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје и пред тоа од 2004 до 2007 работел како програмски раководител при Советот на Европа одговорен за регионалната соработка во полето на правда и внатрешни работи помеѓу државите на Западниот Балкан.
Исто така, во кратки периоди работел како помошник аналитичар при Меѓународната кризна група од Брисел, како и советник за односи со странски медиуми на портпаролот на Владата на Република Македонија (и во двата случаи во 2001 г.).
Роден во Скопје, г-дин Ангелов има завршено додипломски студии по политички науки на Универзитетот во Утрехт, Холандија и има магистрирано меѓународни односи на Средноевропскиот универзитет во Будимпешта, Унгарија; и во двата случаи со целосни стипендии доделени од универзитетите.
За неговата работа како Македонски амбасадор во Унгарија, во 2014 Дарко Ангелов е одликуван од Претседателот на Унгарија Јанош Адер со Унгарскиот орден за заслуги со Командантски крст [ http://ekonomski.mk/2014/03/19/амбасадорот-дарко-ангелов-одликуван], додека во 2015, за неговиот придонес кон унапредувањето на грчко-македонските односи, добитник е на Орденот "Амбасадор на Маратон", доделен од градоначалникот на Општина Маратон Илијас Псинакис. Исто така е добитник на наградата за особени професионални постигнувања на Средноевропскиот универзитет и бил соработник на маршаловата програма на Германскиот маршалов фонд на САД во 2009. Тој е основачки член на уредувачкиот одбор на списанието за надворешна политика "Крстопати" на Министерството за надворешни работи на РМ, каде има објавено и повеќе аналитички осврти. Г-дин Ангелов е автор на книгата ""Новата ера во европската безбедност: Крстопатот на ЕУ и НАТО"", како и на повеќе други публикаци и анализи за меѓународните односи објавени во македонски и странски стручни публикации и весници.
Наводи
Надворешни врски The Diplomata Magazin - Интервју со Амбасадорот на Република Македонија Дарко Ангелов Мрежно место на Амбасадата на РМ во Унгарија "The New Era of European Defence: EU and NATO's Juxtaposition" by Darko Angelov "Reinventing EU Enlargement: Macedonia and the Western Balkans", предавање на Амбасадорот Ангелов на Средноевропскиот универзитет " Linkedin профил на Дарко Ангелов
Поврзано Министерство за надворешни работи на Македонија Список на дипломатски и конзуларни претставништва на Македонија
__ИНДЕКС__
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски амбасадори Категорија:Македонски дипломати