Божо Софрониевски ( во Волковија - во ) — македонски театарски, филмски и телевизиски и радиски глумец, поет, драмски писател и преведувач.
Животопис
Софрониевски е роден во Волковија, Гостиварско на 1 март 1922 година. Во почетокот на педесеттите години се вработил во Македонскиот народен театар во Скопје, каде што ги остварил своите први улоги во неколку драмски проекти. Подоцна се вработил во Радио Скопје (денес Македонско радио) при РТВ Скопје (денес Македонска радио-телевизија) каде што работел како радиски глумец сè до крајот на својот работен век.
Препознатлив е по синхронизирањето на македонски на некои од ликовите во цртаниот филм „Попај“, во осумдесеттите години од минатиот век. Малку е познато дека Божо Софрониевски е автор на првиот текст за забавна мелодија во Р Македонија - „Мојата гитара“. од документарецот Песно не заборави ме: Благој Петров Караѓуле, режисер Д. Ѓорѓиоски, МТВ 1996 (28m40s-29m40s)
Филмографија 1961: Мирно лето (споредна улога) 1967: Мементо (Руски офицер) 1968: Каде по дождот (Пријателот) 1972: Истрел (Железничарот) 1976: Хихирику 1976: Војвода Спиро Црне (Свештеник) 1979: Наши години (споредна улога) 1982: Илинден (Томо) 1984: Хихирику - 5 години 1985: Од зад грб (Таткото на Џемо) 1988: Скопски сновиденија 1989: Еурека (Агент) 1993: Бог да ги убие шпионите 1994: Прекалени (Мајсторот Аџи Тимион)
Наводи
Надворешни врски
Софрониевски како руски офицер во Мементо, 1967 г. — видео
Категорија:Луѓе од Волковија (Реканско) Категорија:Македонски глумци Категорија:Македонски гласовни глумци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци